Спорт
Роналдо влезе на „Олд Трафорд“ и порача: Не дојдов на одмор, дојдов да освојувам титули
Фановите на Манчестер јунајтед не може да дочекаат до сабота за да го видат повторно Кристијано Роналдо со „седумката“ на „Олд Трафорд“, што може да се забележи со астрономските цени на билетите на мечот со Њукасл, така што клубот им овозможи видео на кое Португалецот излегува на празниот стадион.
Покрај краткото видео, Роналдо беше забележан на „Олд Трафорд“ со својот поранешен соиграч Вес Браун за снимање интервју, кое во целост ќе биде објавено во наредните денови.
„Тука сум за тоа. Не сум дојден на одмор. Како што ти кажав, историјата беше добра, освоивме важни работи и го носев овој дрес многупати, но тука сум да победувам. Способен сум исто како и моите соиграчи и подготвен сум да играме. Ова е добра шанса за мене, за навивачите, за клубот, сите да направиме чекор напред. Подготвен сум и мислам дека можеме да направиме многу во следните три-четири години. Фановите на Манчестер јунајтед се посебни, знам, многу добро се сеќавам. Уште ја пеат мојата песна и тоа ме прави среќен. Ќе дадам сѐ на теренот, како и претходно. Ќе се обидам да давам голови, да имам асистенции, да победувам и сакам да ги видам многу бргу“, вели Роналдо.
He’s ????.
❤️ @Cristiano
#MUFC | #HereWeBelong pic.twitter.com/PyHUw8q9yy— Manchester United (@ManUtd) September 9, 2021
Goosebumps.#MUFC | @Cristiano pic.twitter.com/ZV41G0tlkz
— Manchester United (@ManUtd) September 9, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Комо среде Торино го нокаутира Јувентус
Јувентус, во 26-то коло во Серија А, доживеа тежок пораз од Комо (0:2). Ова е прв триумф на Комо, против Јувентус во Торино по 1951 година.
„Старата дама“ со овој пораз ја продлабочи кризата и под знак прашалник го става своето учество во Лигата на шампионите наредната сезона. Јувентус го запиша третиот пораз во низа, четврти на последните пет натпревари во сите натпреварувања. Од друга страна, Комо ја потврди одличната форма, тимот на Сеск Фабрегас, на последните пет гостувања има четири победи и едно реми.
Јувентус е во криза, игра лошо, па можеби поразот од Комо и не е големо изненздување. Со исклучок на шансата во која се најде Опенда, во раната фаза на натпреварот, играчите на лучано Спалети не направи ништо конретно пред голот на противникот. Дури во финишот се закани Копмајнерс, од слободен удар ја погоди стативата.
За разлика од Јуве, Комо делуваше сигурно, со јасен план и цел.
Војвода го постигна првиот гол во 11-та минита, а точка на натпреварот сави Шакере во 61-та минута, кога со гол ја заврши брилијантната котрна на својот тим.
По 26 рунди, Јувентус на петтото место има 46 поени, еден повеќе од шестопласираниот Комо.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакл во Сан Себестијан – Реал Сосиедад не успеа да го победи Овиедо
Еден од најдобрите натпревари оваа сезона во Шпанија се одигра во Сан Себастијан, Реал Сосиедад и Овиедо ремизираа 3:3.
По лошото и неинтересно прво полувреме, во кое немаше голови, во второто присутните на „Аноета“ сведочеа на спектакуларен меч.
„Фенерџијата“, поведе во 50-та минута преку Винас, две минути подоцна Уругваецот со својот втор гол ја зголеми предноста на својот тим.
Оскарсон ја врати надежта во Сосиедад со гол во 64-та минута, а потоа следеше неверојатен финиш. Во 87-та минута, Чалета-Цар израмни за домаќините, кои не застанаа тука.
Три минути подоцна Оскарсон го комплетираше пресвртот со својот втор гол.
Наместо победа и три бода, следуваше шок во 90+2 минута Ерик Бејли го постави конечниот резултат и му донесе бод на Овиедо.
Спорт
Клабо е супермен – Шест трки, шест златни медали
Шест трки, шест златни медали за Јоханес Хенсфотл Клабо на Зимските олимписки игри во Милано и Корина. Суперменот од Норвешка, победи во трката на 50 километри, го освои шестото злато, вкупно 11-то на Олимпиајдите, на кои има и едно сребро и бронза.
Трката на 50 километри, масовен старт, мина во целосна доминација на Норвежаните. Покрај Клабо, кој победи со време 2 часа, седум минути, седум секунд, медали освоија Мартин Нингет и Емил Иверсен.

Норвешката тројка од конкурентите се одвои по 15-от километар, тројцата беа еден до друг се до 46-от километар кога отпадна Ивенрсен. Клабо отпорот на постариот колега го скрши на 500 метри пред целта.
29-годишниот Клабо, со перфектниот настап на овие Олимписки игри, ја истакна кандидидатурата за најдобар спортис во светот во оваа година.
Норвешка ќе ги заврши Игрите како најуспешна нациија, во саботата го освои 18-от златен медал, има и по 11 средби и бронзи.

