Спорт
Роналдо во стил на Златан: Не ги следам рекордите, рекордите ме следат мене
Кристијано Роналдо, храбро, во стил на Златан Ибрахимовиќ, вели дека „рекордите го следат“, посочувајќи дека не е подготвен да сопре со својата блескава рекордна кариера.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ има 37 години и можеби се доближува времето кога треба да ја стопира кариерата, но за официјалниот сајт на Манчестер јунајтед вели дека е подготвен за нова ера под Ерик Тен Хаг.
„Рекордите, тие доаѓаат природно. Не ги следам рекордите, туку рекордите ме следат мене. Така што, тоа е добро. Мојата мотивација да продолжам уште е тука. Само напорна работа. Имам страст за фудбалот, а Манчестер и моите соиграчи ми помагаат цело време и морам да ги ценам тие кои му помагаат на Кристијано. Најважно за мене остануваат победите и да се освои некој шампионат или некој куп за да ги вратиме Манчестер на местото каде што заслужуваат. Понекогаш е потребно време, но вербата е тука“, вели Роналдо.
Да потсетиме, Роналдо го поминаа Јозеф Бицан како најдобар стрелец во конкурентни мечеви во историјата, исто така е носител на најмногу голови во репрезентативните настапи (115), рекордер по бројот на настапи за Португалија (187), најдобар стрелец во историјата на ЛШ (140) и најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид (450).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Николов: Имаме мотиви за барем една победа против Шпанија и против Украина

Составот на сениорскиот кошаркарски национален тим е подмладен со нови млади кошаркари, но, сепак, мотивот за успех, за прва победа во квалификациите за Светскиот куп 2023, е голем кај сите што веќе четврти ден вредно работат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Еден од нив е и Кристијан Николов, еден од најстандардните во изборот на селекторот Драган Баиќ, и кој, веројатно, ќе има голем простор за игра и на претстојните мечеви од квалификациите.
Плејмејкерот потенцира дека најважно е да се борат до самиот крај, дека мора да се даде максимумот, и пред сè, да се одигра чесно до крајот на оваа квалификациска трка.
„Очекувам да дадеме сè од себе и да имаме борба за секоја топка. Подмладени сме, тоа е точно, но тоа не значи дека ќе се предадеме. Секој од нас знае што значи да се игра за Македонија и ветуваме дека ќе го дадеме максимумот“, вели Николов.
Негова, но и желба на соиграчите, е овие квалификации да ги затвориме со победа.
„Прв предизвик ни е Шпанија и ние ќе се бориме до крај. Потоа следува Украина на домашен терен. Сакаме победа затоа што мотивот не е загубен и покрај тоа што сме некомплетни. Ние играме за репрезентацијата и не е важно каков тим имаме, туку мора да бидеме чисти пред себе и да го дадеме најдоброто. Наше е да се бориме до крај. Во овој тим дојдоа и неколку млади играчи. Знам дека ќе дадат сè од себе. Ние еден на друг не гледаме како на млад и стар и не се делиме, туку се гледаме како играчи што може да играат за репрезентацијата и затоа се овде“, истакнува Кристијан Николов.
Македонската кошаркарска репрезентација утре патува за Сарагоса, каде што на 1 јули ќе игра против Шпанија, а три дена подоцна ја пречекува Украина во СЦ „Борис Трајковски“.
Спорт
Ненад Димитриевиќ и следната сезона во Валенсија

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитриевиќ и следната сезона ќе го носи дресот на Валенсија. Иако имаше шпекулации дека тој не е во плановите на новиот тренер Алекс Мумбру, сепак шпанскиот тим потврди дека Димитриевиќ останува во Валенсија.
Македонскиот репрезентативец дојде во Валенсија минатата сезона од Хувентуд.
Тој се мачеше и со повреди и немаше голема минутажа, но следната сезона ќе има нова шанса за докажување.
Спорт
И Матео Беретини го пропушта Вимблдон поради коронавирус

После Марин Чилиќ, уште еден квалитетен тенисер ќе мора да го пропушти настапот на Вимблдон поради коронавирус. Ланскиот финалист Матео Беретини објави дека е позитивен на Ковид-19 и нема да може да учествува на гренслем – турнирот.
„Со огромно жалење морам да објавам дека го прекинувам настапот на Вимблдон бидејќи сум позитивен на Covid-19. Немам зборови за да го опишам разочарувањето што го чувствувам. Сонот за оваа година предвреме заврши, но ќе се вратам уште посилен во 2023“, објави Матео Беретини.
На негово место ќе игра „среќниот губитник“ Елијас Имер, кој денеска ќе се сретне со Кристијан Гарин.