Спорт
Роналдо за проблемите во Манчестер јунајтед: Не е до тренерот

Манчестер jунајтед не успеа да излезе од кризата ниту откако го смени тренерот. По поразот од Вулверхемптон на Боксинг деј, тимот од „Олд Трафорд“ е на скромното на 14. место во Премиер лигата.
Катастрофалните резултати продолжуваат и откако Рубен Аморим ја презеде функцијата менаџер, а неговиот сонародник и поранешна клупска ѕвезда Кристијано Роналдо смета дека проблемот не е менаџерот.
„Премиер лигата е најтешката лига на светот. Нема лош тим, сите се борат, сите трчаат, сите тимови се силни.
Фудбалот целосно се промени. Нема лесни натпревари.
Го кажав ова и претходно, но ќе продолжам да го повторувам: Проблемот не се тренерите. Ќе дадам пример со аквариум:
Имаш болна риба во аквариумот, ја вадиш и го решаваш проблемот, ако повторно ја вратиш во аквариумот, пак ќе биде болна.
Проблемот во Манчестер јунајтед е ист. Проблемот не е секогаш тренерот. Има многу повеќе од тоа“, објасни Роналдо.
Потоа Португалецот додаде:
„Да бев сопственик на клубот, ќе ги поправев работите што не се во ред“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Клупско СП: Палмеирас славеше во бразилското дерби во продолженијата

Ботафого во групната фаза приреди едно од најголемите изненадувања, го победи во Пасадена шампионот на Европа, Пари Сен Жермен, но овој пат не можеше против земјаците од Сао Пауло. Фудбалерите на Палмеирас први се четвртфиналисти на Клупското светско првенство што се одржува во Соединетите Американски Држави.
Зелените од Сао Пауло беа подобри од црно-белите од Рио де Жанеиро во осминафиналето. Дуелот на два бразилска великанa на стадионот Линколн Фајненшл Филд во Филаделфија заврши со резултат 1:0 (0:0, 0:0).
Победникот е одреден дури по продолженијата откако по 90 минути игра немаше голови. Стрелец на одлуката беше Паулињо во 100. минута. Палмеирас по 90 минути имаше далеку повеќе удари кон голот (16:4), но идната ѕвезда на лондонскиот Челси, 18-годишниот „вундеркинд“ Вилијан Естевало и останатите фудбалери во зелени дресови не најдоа пат до мрежата на Ботафого во регуларниот дел.
Спорт
Норис со брутален круг до пол-позицијата во Австрија

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австрија.
Британецот до третата пол-позиција оваа сезона дојде со брилијантен круг 1:03.971 минути. За речиси половина секунда го остави зад себе шарл Леклер од Ферари, а тимскиот колега Оскар Пајстри беше уште подалеку.
Вторито ред за утрешната трка го комплетира Луис Хамилтон од Ферари. Зад него се Џорџ Расел (Мерцедес) и Лијам Лосон (Рејсинг Булс). Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен ќе стартува од седмата позиција, веднаш до него е дебитантот од Заубер, Гавриел Бортолето.
Топ 10 ги комплетираа Кими Антонели (Мерцедес) и Пјер Гасли (Алпин).
Трката на патеката Спилберг се вози в недела со почеток во 15 часот.
Спорт
Ѓоковиќ: Сакам да играм уште неколку години

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите пред учеството на претстојниот Гренд слем – Вимблдон.
Ѓоковиќ има 24 Гренд слем титули, а новинарите беа заинтересирани дали токму Вимблдон е негова најголема шанса да дојде до 25 Гренд слем трофеј.
„Дали е ова мојот последен танц? Не знам. Имам желба да играм уште неколку години! Би сакал да бидам физички здрав и ментално мотивиран да продолжам да играм на највисоко ниво. Тоа е мојата цел, но на оваа возраст којзнае. Би се согласил дека Вимблдон е мојата најголема шанса, поради резултатите овде и како се чувствувам и како играм овде.“
Новак Ѓоковиќ седум пати во кариерата победил на Вимблдон. Рекордер со осум трофеи е Роџер Федерер.