Спорт
Рубљов го декласираше Кецмановиќ во Мајами

Шестиот носител, Андреј Рубљов се пласираше во четвртото коло на Мастерсот во Мајами, откако со 6:1/6:2 го декласираше Србинот Миомир Кецмановиќ.
Во доминантен меч, на Рубљов му беа потребни само 58 минути за победа за да го подобри скорот против Кецмановиќ на 2-0. Во следното коло, Рубљов, кој ја брка својата прва АТП Мастерс 1000 титула ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Јаник Синер и Григор Димитров.
Во четвртото коло е и Американецот, Тејлор Фриц, кој со 6:4/6:4 беше подобар од Канаѓанецот Денис Шаповалов, како и младиот Данец, Холгер Руне, кој со 6:4/6:2 доминираше против Диего Шварцман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(ВИДЕО) ПСЖ со пораз дома се збогува од Меси, Рамос, Галтие…

Пари Сен Жермен е шампион на Франција, но пораз дома (2:3) од Клермон се прости од своите ѕвезди Лионел Меси и Серхио Рамос кои го напуштаат клубот. Ова веројатно беше последен меч и за Кристоф Галтие на клупата на „светците“.
Серхио Рамос се збогува со гол и го отвори резултатот во 16.минута, а пет минути подоцна Килијан Мбапе погоди од пенал и голот му го посвети на Серхио Рико, кој се бори за живот откако имаше несреќа и падна јавајќи со коњ.
Сепак, Клермон израмни до полувремето. Гастиен намали во 24.минута, а откако Кеи не реализира пенал, израмнувањето го донесе Зефане.
Токму Греџон Кеи беше стрелец на победничкиот гол за Клермон во 63.минута.
Ленс го победи Оксер на гости со 1:3 и во конечниот поредок има само бод помалку од ПСЖ на втората позиција на табелата. За Оксер овој пораз значеше и испаѓање од елитата, откако Нант славеше дома против Анже со 1:0.
Монако загуби дома од Тулуз со 1:2.
Спорт
(ВИДЕО) Лацио заврши на втората позиција во Серија А по триумфот над Емполи

Лацио славеше на гостувањето кај Емполи со 0:2 и победнички го заокружи шампионатот во Серија А. На крајот ќе го освои второто место со 74 бода, два повеќе од Интер.
Алесио Ромањоли во 48.минута го отвори резултатот, а триумфот го потврди Луис Алберто во судиското продолжение од мечот.
Кремонезе ја победи Салернитана со 2:0, но од следната сезона ќе настапува во Серија Б.
Спорт
Одбојкарите го добија инфаркт-мечот против Хрватска

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија во драматичен меч успеа да слави со 3:2 во сетови против Хрватска и ја оствари втората победа во Златната Европска лига. Избраниците на Јошко Миленкоски ги добија првите два сета, но потоа дозволија Хрватска да се врати и да израмни, па дуелот се решаваше во петти сет.
Беше неверојатно неизвесно, а Македонија на крајот ја доби драмата со 16:14 на поени во решавачкиот сегмент.
Нашите одбојкари тргнаа фуриозно, го добија првиот сет со 25:17, а во вториот им дозволија 22 поени а Хрватите. Но, потоа ривалот го подигна нивото на играта, возврати со 25:22 во третиот сет, а го доби и драматичниот четврти сет со 31:29. Сепак, на крајот славеше Македонија.