Спорт
Руд е последниот полуфиналист на Ролан Гарос

Норвежанецот Каспер Руд е последниот полуфиналист на Ролан Гарос, откако ја доби нордиската пресметка со Данецот Холгер Руне со 6:1/6:2/3:6/6:3.
24-годишниот Руд, кој е тренинг партнер на Рафаел Надал и лани загуби од Шпанецот во финалето во Париз, овојпат во полуфиналето ќе игра со Германецот Александер Зверев, кој една година по страшната повреда на зглобот, се врати меѓу најдобрите четири.
Во второто полуфинале ќе се судрат првите фаворити за титулата, светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз и освојувачот на 22 гренд слем титули, Новак Ѓоковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Mozzart и „ОЦР Кучково 2025“ – каде што природата и спортот создаваат непобедливи херои

Трета година по ред, компанијата Mozzart стои зад една од најекстремните и највпечатливи трки во Македонија „ОЦР Кучково 2025“, организирана од Здружението за спортски игри со препреки „ОТАКУ Скопје“.
Овој спортски спектакл, кој важи за еден од најпосетените настани во земјава, повторно блесна во препознатливите сино-жолти бои.
Лидерот во приредување игри на среќа, и оваа година учествуваше со свој тим од осум натпреварувачи, кои храбро се соочија со предизвиците на патеката и го оправдаа слоганот на тимот “Непобедливи”.
„Оваа година ги имавме сите услови за најдобрата OCR трка досега – кал, дожд и препреки изработени по највисоки стандарди за овој спорт, кон кои целиме уште од првата OCR трка во Леуново. Горди сме што по петти пат ја организиравме оваа спортска приказна, и тоа првпат како дел од Светската и Европската OCR федерација. Во патеката и препреките вложивме многу труд за да им понудиме на учесниците вистинско искуство исполнето со предизвици и силни емоции. Ова е можеби најтешката трка во Македонија како од тркачки така и од логистички план. Искрена благодарност до нашиот главен спонзор Mozzart, без кого оваа трка немаше да биде возможна, како и до клубовите и заедницата што се со нас од првиот ден”, изјави Марија Алексова, претседател на здружението „ОТАКУ Скопје“.
По завршувањето на трката, вработените од Mozzart организираа еко-акција за чистење на излетничкото место, со што уште еднаш го потврдија својот ангажман за зачувување на природата и подигнување на еколошката свест кај граѓаните.
„Ова е трета година по ред како ја поддржуваме трката ОЦР Кучково 2025. Без сомнение ќе кажам дека ова е еден од најубавите спортски настани кај нас, каде владее натпреварувачки дух но и многу дружба. Под слоганот ‘Непобедливи’, за нашиот тим се натпреваруваа осум тркачи. Покрај поддршката на трката, реализирана беше и еко акција за чистење на излетничкото место каде се одржуваше трката. Ваквите и слични настани секогаш ќе ја имаат поддршката од нашата компанија”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Со активно учество и поддршка на вакви иницијативи, Mozzart не само што го зајакнува тимскиот дух меѓу вработените, туку и го потврдува значењето на слоганот – Непобедливи.
(ПР)
Спорт
„Ас“: Неочекувана драма во Реал

Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот, но неговата соблекувална никогаш не била и никогаш нема да биде најлесната за управување во професионалниот елитен фудбал. „Ас“ пишува за неочекуваната драма во Реал.
Посетата на Алмати ги ублажи раните по градското дерби против Атлетико, но тренерот Чаби Алонсо се врати од Казахстан со два големи проблеми:
Винисиус, кој повторно протестираше кога беше заменет, и Валверде, кој не играше ниту една минута и отворено го покажа своето незадоволство.
Ситуацијата со Уругваецот е најнеочекувана и има одредена драма зад сцената. Како што дознава „Aс“, Чаби го тестирал Валверде како десен бек на тренингот поради отсуството на Карвахал и Александер-Арнолд.
Покрај тоа, Валверде беше избран да зборува со печатот пред натпреварот, а клубот традиционално му ја дава таа чест на играч кој ќе биде во почетниот состав. Сепак, тој заврши на клупата.
Уште полошо, за време на загревањето, тој беше единствениот од резервните играчи кој не учествуваше во рондото, туку се повлече на клупата. Во продолжението од натпреварот, се случи нешто слично.
Додека Белингам и Камавинга се загреваа покрај аут-линијата, Валверде само стоеше до нив, со рацете зад грб.
Тешко е да не се поврзе оваа мала претстава со пораката на Валверде по победата од 2-1 против Марсеј, кога откри дека разговарал со Чаби за тоа да не игра на позицијата десен бек и неговата повторена изјава во Алмати: „Не сум роден да играм на позицијата десен бек“.
„Одеднаш се јавува недостаток на разбирање помеѓу тренерот и вториот капитен на Реал, што е лоша вест“, пишува „Ас“.
Спорт
Проблем за Црвене звезда – Риверо во аут до Нова година

Центарот на Црвена звезда, Хасиел Риверо, ќе биде надвор од терените околу три месеци, неофицијално дознава српскиот „Спорт Клуб“.
Во средината на втората четвртина од натпреварот со Армани Милано, на отворањето на сезоната во Евролигата, Риверо доживеа сериозна повреда на стапалото, што е нов голем удар за црвено-белите.
Прегледите што биле извршени покажаа дека кубанскиот кошаркар ја скршил метатарзалната коска и, во најдобар случај, ќе биде подготвен на крајот од годината.
Повредата на Риверо е само најновата во низата проблеми за тимот на Јанис Сферопулос.
Шансите Ајзеа Кенан да се врати на теренот оваа сезона се минимални, бидејќи го оштети предниот вкрстен лигамент на коленото и ќе патува во САД на операција во наредните денови.
Што се однесува до другите повредени играчи во црвено-белите редови, а ги има многу, во најдобра ситуација е Огњен Добриќ, кој ќе мора да паузира уште десет дена. Капитенот на Звезда го повреди грбот на дуелот со Финска во осминафиналето на Евробаскетот.
Девонте Греам ќе биде надвор од терените уште три до четири недели поради повреда на глуждот, па ќе мора да носи „чизма“ некое време. Урош Плавшиќ го извитка зглобот и ќе отсуствува уште еден месец.
Црвена звезда ќе го игра својот следен натпревар во четврток во 20:30 часот против Баерн во Минхен.
Фото/ Принтскрин