Спорт
Рудиша не е повреден во тешката сообраќајна несреќа (Фото)
Двократниот олимписки шампион на 800 метри Дејвид Рудиша објавил дека проживеал тешка сообраќајна несреќа во родната Кенија. Несреќата се случила во саботата во 22.30 часот по локално време.
Сообраќајната несреќа се случила на патот од Најроби до Кисума кога откако му пукнала гума на џипот, возилото со кое управувал Рудиша удрило во автобус. Полицијата соопшти дека во несреќата никој не настрадал.
Рудиша објави слика од неговото возило и навистина е висинско чудо како минал само со лесни повреди.
„Добро сум, не сум повреден. Благодарам за молитвите“, објавил Рудиша на социјалните мрежи.
Thanking the Almighty God for the gift of life.Saturday night around 1030Hrs I survived a tragic road accident at Keroka on my way home to Kilgoris after a head on collision with a bus plying Kisii Nairobi Route. I am fine with no injuries! Thank you ?? for your prayers. pic.twitter.com/RZdwemLwXG
— David Rudisha (@rudishadavid) August 26, 2019
Рудиша два пати во кариерата бил олимписки шампион на 800 метри (во Лондон 2012 и Рио де Жанеиро 2016 година), а има и две светски титули (2011, 2015).
Поради проблеми со коленото и грбот тој последен пат настапил во мај 2017 година, во Дијамтската лига.
Сепак и покрај повредите тој веќе ги започнал подготовките за Олимписките игри во Токио, каде ќе се обиде трет пат да победи во својата омилена дисциплина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Сѐ се случи за миг“ – сестрата на Линдзи Вон зборуваше за нејзината состојба по страшниот пад на Олимписките игри
Линдзи Вон моментално е на лекарски прегледи по тешкиот пад што ѝ се случи утрово, потврди нејзината сестра Карин Килдо во изјава за „Ен-Би-Си“. Таа рече дека сцената била застрашувачка и многу тешка за гледање.
„Тоа дефинитивно беше последното што сакавме да го видиме. Сѐ се случи многу брзо и во такви моменти само се надеваш дека е добро“, рече Килдо.
Таа додаде дека станало уште пострашно кога забележале дека изнесуваат носила.
„Тоа никогаш не е добар знак. Но, како што вели онаа изрека за човекот во арената – таа се осмели, даде сѐ од себе и одеше до крај. Тешко е да се гледа, но најважно е таа да биде добро“, изјави таа.
Сестрата на познатата американска скијачка потврди дека во моментов не знаат што следува: „Превезена е со хеликоптер од местото на несреќата. Со неа се сите нејзини лекари, хирурзи и физиотерапевти. Ќе не известат и ќе отидеме во болницата каде што ја прегледуваат. Засега знаеме само дека е на прегледи и се надеваме наскоро да добиеме повеќе информации.“
Главниот брзински тренер на американскиот скијачки тим, Пол Кристофик, изјави дека Линдзи Вон и понатаму е под медицинска проценка во Кортината, а тимот сѐ уште нема добиено никакво ажурирање за нејзината здравствена состојба.
„Сѐ уште не знаеме ништо конкретно“, изјави Кристофик. „Таа е со медицинскиот тим во болница. Во моментов се проценува во Кортината. А потоа, во зависност од сериозноста на повредата, ќе се донесе одлука каде ќе биде сместена.“
Спорт
(Видео) Тежок пад на Линдзи Вон на Олимписките игри
Американската скијачка Линдзи Вон не се прослави во спустот на Зимските олимписки игри.
Таа падна во раната фаза од спустот, по што ѝ беше укажана помош на патеката, а се слушаше како легендарната Американка плаче од болка.
Линдзи по падот остана да лежи, чекајќи помош од лекарите и спасувачката екипа. Мораше да реагира и хеликоптер, кој ја однесе во болница.
The crash of #lindseyvonn #Olympics2026 #Olympics pic.twitter.com/PJtuSCJwcm
— Dreamer (@MCnotHamm3r) February 8, 2026
Вон неодамна доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото, но и покрај тоа одлучи да настапи.
Оваа 41-годишна скијачка во кариерата освои три олимписки медали – злато во спуст во Ванкувер, како и бронза во супервелеслалом. Покрај тоа, има и бронза од Пјонгчанг 2018 година.
Вон неодамна имаше враќање на натпреварувањата по подолга пауза и веќе забележа неколку запажани резултати во тековната сезона.
Сепак, се чини дека крајот на кариерата ќе биде тажен.
Спорт
Клабо е недопирлив во скиатлон
Јоханес Клабо ја оправда фаворитската улога и го освои златниот медал во нордиско скијање, во трката скијатлон од 10 км + 10 км.
Како што се очекуваше, Норвежанецот чекаше до самиот крај, а потоа влезе во пеколен финиш. Во тој момент ниту еден од конкурентите не успеа да го следи темпото на Клабо. Норвежанецот во целта влезе со 46:11.0.
Ова беше шесто олимписко злато за Клабо во неговата кариера, а негов трет поединечен. Тој денес го потврди статусот на најдобар натпреварувач.
Во голема борба за второто место, Французинот Делог успеа да го надмине Норвежанецот Нингет, кој мораше да се задоволи со бронза. Русинот Короцељев заврши на четвртото место.
Foto/ EPA

