Спорт
Румениге: Салах е африканскиот Меси

Мохамед Салах, најдобриот играч и стрелец на Ливерпул, од минатото лето се поврзува со неколку врвни тимови. Египетскиот репрезентативец медиумите го поврзуваа со Реал, Барселона, ПСЖ, Јувентус, а во таа трка изгледа се вклучува и германскиот гигант Барн Минхен.
Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, во една изјава рекол дека Салах е африканскиот Меси.
„Има квалитет да игра за најдобрите екипи во светот. Мислам дека Салах е африканскиот Меси. Она што тој го постигна со Ливерпул може да се спореди со она што го направија Меси и Роналдо со Барселона, односно Реал. не е во нашите планови, но секако дека би биле почестени доколку дојде во Баерн“, рекол Румениге.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шчесни: Во кој спорт сум јас кога бев прогласен за играч на натпреварот?

Барселона со играч помалку, упсеа да ја победи Бенфика во Лисабон (1:0), во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.
Барселона од 22.минута играше со фудбалер помалку, кога Кубарси доби црвен картон. Блауграна победи благодарение на голот на Рафиња во 61.минута и пред се на извонредниот Шчесни кој имаше осум одбрани.
Интересно, УЕФА не го препозна перформансот на полскиот голман, наградата за играч на натпреварот му ја врачи на Педри.
„Мислам дека заслужувам барем половина од наградата што ја доби Педри. Пред малку го прашав: „Во кој спорт сум јас кога бев прогласен за играч на натпреварот“? Сепак, најважно е што успеавме да победиме“, изјави Шесни по натпреварот на „Ла Луж“ во Лисабон.
Спорт
Нојер на пауза поради повредата на потколеницата

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер ќе мора да паузира поради повреда на потколеницата.
Нојер мораше да ја напушти играта во 58. минута, синоќа против Баер Леверкузен, а според првичните информации ќе отсуствува меѓу три и четири недели.
За среќа, следува репрезентативна пауза, па Нојер ќе го пропушти само реваншот со Баер, како и првенствените натпревари со Бохум, Унион Берлин и Сент Паули.
Добра вест за Баерн е што тој ќе биде подготвени за потенцијалното четвртфинале во Лигата на шампионите со Интер на 8. или 9. април.
Дотогаш шанса ќе добие младиот Јонас Урбиг кој во јануари пристигна од Келн како долгорочна замена за Нојер.
Спорт
Кимих одлучува пред репрезентативната пауза

Наредните неколку недели се клучни за иднината на Џошуа Кимих во Баерн Минхен. Договорот на Кимих важи до крајот на сеозоната, а Баерн ги запре преговорите околу новиот.
Клубот од Минхен не брза да донесе одлука. Кимих и Баерн влегоа во преговори за нов договор и германскиот интернационалец не би имал ништо против да остане на Алијанц Арената, но клубот не ги прифати неговите финансиски барања.
Развојот на настаните во Минехн, внимателно го следат неколку клубови. За Кимих заинтересирани се и Арсенал, Челзи и ПСЖ. Сепак, Кимих знае каде да не оди.
Според извори на „Билд“, играчот од средниот ред на Баерн не би сакал да ја продолжи кариерата во Арсенал. Значи, како опција остануваат „сините“ од Лондон и ПСЖ.