Спорт
Руни го одбил стариот клуб Евертон

Вејн Руни открива дека ја одбил можноста да се врати на својот прв клуб Евертон, откако првиот човек на второлигашот Дерби каунти не се појавил на „интервју“ со управата на „карамелите“ за да биде наследник на Рафа Бенитез, кој беше отпуштен на 16 јануари.
Френк Лампард и Португалецот Витор Переира остануваат фаворити за испразнетото место во клубот од Ливерпул, но дел од навивачите сакаа враќање на нивниот поранешен напаѓач, кој сега вели дека е посветен на Дерби.
„Евертон контактираа со мојот агент и побараа да одам на интервју за работа. Но, ги одбив. Мислам дека ќе бидам менаџер во Премиерлигата и дека сум 100 отсто подготвен за тоа, но имам работа во Дерби, која ми значи многу“, вели Руни.
Руни, кој е роден во ливерпулскиот кварт Крокстет, произлезе од академијата на Евертон, за како тинејџер да влезе во првиот тим и да постигне 17 гола во 77 настапи на „Гудисон парк“, пред во 2004 да замине во Манчестер јунајтед, каде што помина 13 сезони и стана најдобар стрелец во историјата на клубот, пред да се врати една сезона во Евертон во 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Наполи со триумф против Специја го заврши шампионатот во Серија А

Наполи беше убедлив на гостувањето кај Специја, победи со 0:3 и на убав начин ја заокружи сезоната во Серија А. Тимот на Елиф Елмас не успеа во трката за титулата, но, сепак, успеа да оствари пласман во Лигата на шампионите.
Матео Политано во четвртата минута донесе предност, а Пјотр Зиелински во 25.минута зголеми на 0:2. Диего Деме беше стрелец на третиот гол за „наполитанците“ во 36.минута од мечот.
Спорт
Барса понуди 32 милиони евра за Левандовски, а Баерн бара три милиони повеќе

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски е многу блиску до трансфер во Барселона. Како што откриваат германските медиуми, двата клуба не се многу далеку во преговорите околу отштетата.
Барселона е подготвена да плати 32 милиони евра и да го откупи Левандовски кој влегува ви последната година од актелниот договор со Баерн Минхен, а баварскиот клуб бара 35 милиони евра.
Раководството на Баерн Минхен најавуваше дека Левандовски ќе остане и следната сезона на „Алијанц арена“, но сега тоа е малку веројатно.
Спорт
Давидовски, прв Македонец со победа на ТЦР Европа

Виктор Давидовски испиша историја откако стана првиот Македонец кој остварил победа на ТЦР Европа. Тој ја одбрани пол-позицијата на трката за Големата награда на Франција возејќи совршено и без грешка.
Македонскиот возач досега беше најдобро пласиран како четврти на патеката Пол Рикар, вчера на првата трка заврши како шести, а денеска оствари сензационална победа.
Давидовски стартуваше како прв поради правилото за ротација на првите најдобро дестпласирани во квалификациите. Гаврилов заврши на второто место, Ориола беше третопласиран.