Спорт
Руни: Кога имав 14 години му порачав на Фергусон да се е.е

Вејн Руни, најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, открил дека на почетокот на својата кариера одбил да се пресели од Евртон во младинската школа на Јунајтед.
Легендарниот менаџер на Јунајтед, Алекс Фергусон, преговарал со родителите на тогаш 14-годишниот Руни, кој одбил да го напушти Евертон.
„Сер Алекс сакаше да ме донесе во Јунајтед кога имав 14 години. Разговараше со моите родиели. Ми кажаа: „Алекс сака да те види во Манлестер јунајтед.“ Знаете што кажав? „Кажите му те му нека се е.е, сакам да играм само за Евертон“, раскажал Руни во интервју за „Сан“.
Неколку години подоцна Руни го сменил мислењето. Во 2004 година за 30.000.000 фунти, Руни стана играч на „црвените ѓаволи“.
„Како времето одминуваше, знаев дека морам да играм за него. Само поради Фергусон потпишав за Манчестер јунајтед“.
Вејн Руни со Манчестер јунајтед освоил 16 трофеи, меѓу нив се пет во Премиер лигата и еден во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Џерард одбил да седне на клупата на Глазгов Ренџерс

Стивен Џерард се повлече од трката за нов менаџер на Глазгов Ренџерс, јавуваат британските медиуми.
45-годишниот поранешен истакнат англиски фудбалски репрезентативец беше главен фаворит да го замени отпуштениот Расел Мартин, но по конструктивни разговори со раководството на клубот, одлучил дека моментот не е соодветен за враќање на „Ајброкс“.
Според информациите, разговорите поминале во позитивна атмосфера и двете страни се договориле да „ја остават вратата отворена“ за иднината.
Мартин беше отпуштен минатиот викенд, по само четири месеци на клупата. Под негово водство, Ренџерс има само една победа во првите седум кола од шкотската Премиер лига. За Ренџерс настапува македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Џерард, кој во јануари ја напушти клупата на саудискиот Ал-Етифак, е вистински херој за навивачите на Ренџерс. Тој ја предводеше екипата до шампионската титула во сезоната 2020/21, единствената освоена по финансискиот колапс на клубот во 2012 година.
Спорт
Вељко Пауновиќ ќе биде нов селектор на Србија?

Фудбалската репрезернтација на Србија доживеа тежок пораз со 0-1 од Албанија во Лесковац по кој ги загуби реалните шанси за пласман на СП 2026. По мечот, почнаа шпекулации за смена на селекторот.
Според ТВ „Арена спорт“, нов селектор ќе биде Вељко Пауновиќ. Тој треба да го наследи Драган Стојковиќ – Пикси, кој по натпреварот изгледаше како човек што знае дека заминува. Тој веќе понудил оставка до челниците на српскиот фудбал.
Пауновиќ неодамна доби отказ од шоанскиот прволигаш Овиедо, а запаметен е по успехот со младинската репрезентација во 2015 година, кога Србија стана светски шампион.
По тој успех, тренираше во Мексико, Англија и САД. Последно беше на клупата на Овиедо, каде го врати клубот во Ла Лига по 24 години. Сега повторно е слободен и блиску до клупата на Србија.
Спорт
Стојковиќ: Одговорноста за поразот од Албанија е само моја

Фудбалската репрезентација на Србија доживеа пораз од Албанија со 0-1 во Лесковац, сериозно загрозувајќи ги шансите за пласман на Светското првенство. Навивачите на трибините скандираа „Пикси, оди си“, а селекторот Драган Стојковиќ ја прифати одговорноста.
„Јас сум виновен, јас сум предводник на селекцијата и ја преземам целата одговорност. Апелирам да не ги критикувате фудбалерите, вината е целосно моја. Ни на крај не ни доаѓаше во мислите дека ќе го загубиме мечот од Албанија. Примивме гол по прекин на играта, во второто полувреме се обидовме да израмниме, но не успеавме. Албанија беше добро организирана во одбраната“, изјави Стојковиќ по мечот.
Следен натпревар за Србија е против Андора, но останува неизвесно дали Стојковиќ ќе остане на селекторската позиција.