Спорт
Руни: Падот на Јунајтед започна пред заминувањето на Фергусон
Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни е ѕвезда на најновиот документарен филм, од продукцијата на „Амазон“.
Актуелниот тренер на Дерби каунти рекол дека падот на екипата започнал и пред 2013 година, кога во пензија замина легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Според Руни, Јунајтед последната титула ја освоиле само поради Робин ван Перси, кој таа сезона постигна 26 гола и, како што рекол Руни, го „носел целиот тим“.
„Се можеше убаво да се забележи по 2011 година. Роналдо замина во 2009 година, потоа и Тевез, можеше да се претпостави дека работите нема да одат напред, туку дека ќе се движат во спротивна насока. Јас го забележав тоа, поставував прашања. За жал, ми се чини дека сè уште не закрепнале до денес“, вели Руни.
Манчестер јунајтед девет години нема титула во Премиер лигата.
„Тој тим од 2013 година не беше сјаен. Мислам дека вистинско чудо што станавме шампиони. Големи заслуги за тоа има Ван Перси. Неговиот трансфер нè крена, играше деветка, постигна многу голови. Велемајсторски потег на менаџерот беше да се донесе таков игра, кој беше гладен за трофеи. Ван Перси нè носеше таа сезона“, дополнил Руни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

