Спорт
Русија по 15 години го освои тенискиот Дејвис куп
Андреј Рубљов и Данил Медведев ги добија своите мечеви во сингл во два сета, за Русија да ја совлада Хрватска со 2:0 и да ја освои својата прва Дејвис куп титула од 2006 и трета вкупно во историјата.
Откако во првиот меч, Рубљов со 6:4/7:6(5) го совлада Борна Гојо, во вториот меч, шампионот од САД опен, Данил Медведев исто така покажа дека во моментов е еден од најдобрите тенисери на светот, победувајќи го Марин Чилиќ со 7:6(7)/6:2. Хрватите се надеваа на барем една сингл победа, бидејќи потоа во мечот во двојки ќе беа фаворити со прворангираниот тим во двојки Никола Мектиќ-Мате Павиќ. Но, вака тие остануваат со двете Дејвис куп титули во 2005 и 2018 година.
Русија на патот до титулата го победи домаќинот Шпанија, но и Германија во полуфиналето, потпирајќи се токму на одличната сингл игра на Рубљов и Медведев.
The moment @DaniilMedwed defeated Cilic 7-6(7) 6-2 to clinch a third Davis Cup title for RTF ⚪️??#DavisCupFinals #byRakuten pic.twitter.com/yX6rrIQm4x
— Davis Cup (@DavisCup) December 5, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Мајами победи во Бостон, Оклахома го згази Њу Орлеанс
Мајами го изедначи резултатот против Бостон на 1:1, а Оклахома победе со 2:0 во серијата против Њу Орлеанс.
Мајами и без Џими Батлер победи во Бостон со 111:101. Мајами против најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната постигна 23 тројки, што е рекорд на франшизата во плеј-офот.
Тајлер Хиро погоди шест тројки, а Кејлеб Мартин пет, тие беа и најефикасни во редовите на франшизата од Флорида.
Хиро постигна 24 поени со 14 асистенции и пет скока, додека Мартин додаде 21 поен, колку што имаше и Бем Адебајо, кој додаде и десет скока со две асистенции. Српскиот репрезентативец Никола Јовиќ забележа 11 поени (тројки 3/4), девет скока и шест асистенции.
На другата страна Џејлен Браун постигна 33 поени со осум скока и асистенции, додека Џејсон Тејтум имаше учинок од 28 поени со осум скока и три асистенции.
Оклахома максимално ја искористи предноста на домашниот терен во пресметката со Њу Орлеанс.Тандери го декласираа противникот со 124:92.
Шаи Гилџис-Александер, кандидат за МВП признанието, повторно беше првата виолина на Тандер.
Тој постигна 33 поени со три скока и пет асистенции и две украдени топки. Расположен беше и Чет Холмгрен кој постигна 26 поени со седум скока и асистенција, додека Џејлен Вилијамс додаде 21 поен.
На другата страна, Јонас Валанчиунас постигна 19 поени, Брендон Играм и Херберт Џонс додадоа по 18, додека Си Џеј МекКолум постигна 15 поени.
Спорт
Брејк на Фенер во Монако и на Олимпијакос во Барселона
Кошаркарите на Фенербахче и Олимпијакос славеа како гости бво Монако и Барселона, во првите плеј-оф натпревари во Евролигата.
Фенербахче, во малото кнежевство славеше по дополнителните пет минути со 95:91. Во регуларниот дел натпреварот заврши 81:81. Победата на Фенер ја засени повредата на Скоти Вилбекин, кој веројатно нема да биде подготвен за вториот натпревар.
Во победничкиот тим најефикасен беше Најџел Хејс-Дејвис со 19 поени, Ник Калатес додаде 17, а Нејтан Сестина 16 поени.
Во редовите на Монако Ели Окобо имаше 19, а Џордан Лојд и Мајк Џејмс постигнаа по 16.
Следниот натпревар се игра на истото место во петок на 26 април од 19 часот.
Олимпијакос во „Палау Блауграна“, го контролираше натпреварот од првата до последната секунда и заслужено ја победи Барселона со 77:75. Имаше Олимпијакос 13 поени предност во третиот период, Барселона се врати во мечот со серија 8:0. До крајот на натпреварот играчите на грчкиот тим ги одбија сите напади на Барселона.
Црвено-белите до брејк стигнаа со 15 поени на Најџел Вилијамс-Гос, 14 на Ајзеа Кенан, додека Петрушев имаше 12 со пет скока, а Мустафа Фал 11 поени.
Во тимот на Барселона Вили Ернангомез и Џабари Паркер постигнаа по 13 поени, Алекс Абриаес 11, а Рики Рубио 10 поени.
Вториот меч на програмата е во петок во Барселона.
Спорт
(Видео) Аталанта ќе се бори за трофејот во Купот на Италија
Аталанта вечерва избори пласман во финалето, во Кушот на Италија. Во реваншот, талнат ја победи Фиорентина со 4:1.
Предноста со која Фиорентина допатува во Бергамо ја анулира Копмајнерс во осмата минута.
Фиорентина остана со фудбалер помалку во 53.минута, кога Миленковиќ како последен човек во одбраната направи фаул врс Скамака.
И со играч помалку Фиорентина успеа да изедначи преку Мартинез Кватра во 68.минута. Работите во вкупниот резултат ги врати Скамака со евро-гол во 75.минута.
Драмата кулминираше во самиот финиш Лукман погоди во 95. за 3.1, а три минути подоцна точка на натпреварот стави Пашалиќ.
Фиорентина сигурно ќе има жестоки поплаки за судењето на Ла Пења. Впечаток е дека Фиорентина не доби пенал при водство на Аталанта 1:0, а исто така спорен е почетокот на акцијата при третиот гол, кога Бираги беше фаулиран, а и спорна е позицијата на стрелецот на голот Лукман.
Таму ги чека Јувентус кој претходно го победи Лацио.
Финалето е закажано за 15 мај.