Спорт
Сабаленка се врати на првото место на ВТА-листата

Арина Сабаленка се врати на првото место на ВТА листата. На најновата ВТА листа, тенисерката од Белорусија има само 41 поен повеќе од Ига Швјонтек.
Сабаленка дебитираше на првата позиција минатата година по Отвореното првенство на САД во септември. Таа ја задржа тениската круна околу два месеци, а потоа и ја одзеде Ига Швјонтек со победата на завршниот Мастерс во Канкун.
И сега се подготвува слична ситуација, бидејќи за првото место ќе решава завршниот Мастерс во Ријад, од 2 до 9 ноември.
Сабаленка моментално има 9.706 освоени бодови, Швјонтек е втората позиција со 9.665. Зад нив се Американките Коко Гоф (5.963) и Џесика Пегула (5.875), односно Елена Рибакина од Казахстан (5.471).
Шестата позиција на листата на најдобри светски тенисерки и припаѓа на Јасмин Паолини од Италија (5.144), на седмо место е Кинеската Џинвен Женг (4.480), Американката Ема Наваро е осма (3.698), Дарија Касаткина од Русија е на деветтото место (3.500), додека десеттата Беатриз Хадад Маја од Бразил (3.194).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.
Спорт
Палиња е спасителот на Тотенхем

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат.
Сепак, добра акција во финишот од мечот резултираше со бод за тимот од Лондон.
Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.