Спорт
Сабонис им удри рампа на Лејкерси (Видео)
Лос Анџелес Лејкерс го забележаа четвртиот пораз во сезоната. Во Индијанаполис, Пејсерс ги победија Лејкерс 105:102.
Драматичниот меч во Индијанаполис е решен во последната минута, кога Малком Бронгдон погоди за предност на Индијана 104:102, потоа леброн Џејмс не реализира тројка, а конечните 105:102 ги постави Домантас Сабонис.
Литванецот со 26 поени и 10 ско0ка ја предводеше Индијана до 19 победа во сезоната. Бронгтон мечот го заврши со 14 поени и п пет скока и асистенции. На спротивната страна по 20 поени постигнаа Леброн Џејмс и Двајт Хауард. Џејмс зад своето има запиша и по девет скока и асистенции.
Јута Џез го добија дуелот со Орландо Меџик 109:102. Џезерите ги предводеа Бојан Богдановиќ и Донован Мичел со по 30 поени, додека Џо Инглс и Руди Гобер искомбинираа 18 поени и 31 скок.
Лос Анџелес Клиперс убедливо ги поразија Финикс Санс 120:99. Кај Клиперс се издвоија Пол Џорџ (24 поени), Каваи Ленард (20 поени) и Лу Вилијамс (20 поени). Деандре Ејтон, минатогодишниот прв пик на драфтот беше најдобар кај Финикс со 18 пое и и 12 скока.
Резултати:
Њујорк-Атланта 143:120
Шарлот-Сакраменто 110:102
ЊуОрлеанс-Бруклин 101:108
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ландо Норис: Пораката на Кејси Стонер ми ја донесе титулата
По девет години во Мекларен, Ландо Норис конечно ја освои титулата светски шампион во Формула 1. Британецот признава дека поддршката од неговите колеги и легенди на мотоспортот во клучните моменти била клучна.
„Кога бев во најлоша состојба, Кејси Стонер ми ја испрати пораката: „Верувај во себе и направи го тоа“, и тоа навистина ми помогна“, рече Норис, истакнувајќи ја важноста на поддршката и советите од Луис Хамилтон, Себастијан Фетел и другите светски шампиони.
Сепак, смиреноста и беспрекорно извршената стратегија на Мекларен во последната трка во Абу Даби му овозможија да заврши трет на патеката „Јас Марина“, доволно за да го обезбеди шампионскиот трофеј.
„Понекогаш два бода се сè што ви треба. Благодарен сум им на сите околу мене“, додаде Норис.
Foto/ depositphotos
Спорт
Џошуа е во стабилна состојба, починаа членовите на неговиот тим
Боксерскиот свет беше потресен во понеделник од веста дека Ентони Џошуа бил вмешан во сообраќајна несреќа во која загинале две лица. Боксерот, исто така, се здобил со повреди и бил однесен во болница.
Двајца од најблиските пријатели на Џошуа и членови на неговиот тим, Сина Гами и Латиф Адојеле, ги загубија животите во оваа несреќа.
Оваа вест беше официјално потврдена од промотивната компанија на Џошуа, „Matchroom Boxing“, која издаде соопштение за медиумите:
„Ентони Џошуа беше вмешан во сообраќајна несреќа во Лагос. Со длабока тага ве известуваме дека двајца од неговите пријатели и членови на тимот, Сина Гами и Латиф Адојеле, починаа.“
„Mechrum Boxing“ и „258 BXG“, можат да потврдат дека Џошуа се здобил со повреди во несреќата и бил однесен во болница на преглед и лекување. Неговата состојба е стабилна, но тој ќе остане под надзор.
Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите. Ве молиме да се почитува нивната приватност во ова исклучително тешко време“, се вели во соопштението.
Foto/ freerangestock
Спорт
Избор на „Лекип“: Словенец и Канаѓанка се најдобри во светот
Тадеј Погачар, словенечки велосипедист, и Самер Мекинтош, канадска пливачка, беа избрани за најдобри спортисти во светот во анкета на познатиот француски спортски весник „Лекип“. Погачар и Мекинтош прв пат во кариерите ја добија оваа награда.
Погачар го победи шведскиот скокач со стап Армандо Дуплантис во тесна борба.
Погачар собра 821 поен, а Дуплантис 799. Двајцата беа далеку пред конкуренцијата, третопласираниот шпански тенисер Карлос Алкараз имаше 252 поени. За потсетување, Дуплантис, минатата недела ја доби, беше прогласен занајдобра европски спортист, во традиционалниот избор на полската новинска аганеција, ПАП.
Во женска конкуренција немаше неизвесност, Канаѓанката Мекинтош победи со 628 поени. Зад неа беа две американски спортистки, Сидни Меклафлин-Леврон со 516 и Мелиса Џеферсон-Вуден со 425 поени.
Погачар го освои Тур де Франс во 2025 година, негова четврта победа во кариерата на најпрестижната трка во светот. Покрај тоа, 27-годишниот Словенец ја потврди својата доминација со победи на Трката околу Фландрија и Ломбардија и трката Лиеж-Бастон-Лиеж.
Самер Мекинтош се истакна на Светското првенство во Сингапур оваа година, освојувајќи четири златни медали. Канадската тинејџерка победи на 400 метри слободен стил, 200 метри пеперутка и 200-400 метри мешано.
Foto/ depositphotos

