Спорт
Садик на позајмица во Валенсија

Умар Садик и официјално е член на Валенсија.
Клубот од „Месталја“ денеска и официјално потврди дека фудбалерот на Реал Сосиедад ќе игра како позајмен до крајот на актуелната сезона, со опција за откуп на договорот.
Валенсија потсетува дека Садик своите најдобри партии ги одигра во дресот на Алмерија, за која на 84 натпревари постигна 43 гола и додаде 13 асистенции, што му овозможи трансфер во Реал Сосиедад.
Сепак, тој заработи сериозна повреда на лигаментите на коленото поради која ја пропушти речиси целата сезона 2023/24.
Поради ова, тој забележа 50 настапи за Сосиедад, главнокако резерва со лош учинок од четири гола и две асистенции.
Валенсија до крајот на сезоната ќе се бори за опастанок во лигата. По 18 натпревари, Валенсија со 12 поени се наоѓа на претпоследното место.
COMUNICADO OFICIAL | SADIQ UMAR#BenvingutSadiq#ADNVCF
— Valencia CF (@valenciacf) January 4, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вареловски: Со победа денеска нештата да тргнат на подобро за Тиквеш

Тиквеш се соочува со проблеми уште од почетокот на сезоната, но се чини дека полека работите доаѓаат на своето место и се верува дека токму по денешниот натпревар следуваат подобри резултати во Првата фудбалска лига.
Кавадарчани во моментов се на десеттото место на табелата со пет освоени бода и со евентуален триумф денеска на свој терен од 15:00 часот против Македонија ЃП, нештата може само да се подобрат што е и примарна цел за сите во клубот.
„Мора да се признае дека ова е турбулентен период за Тиквеш. Доколку победиме денеска ќе се вратиме во нормален тек. На гостувањето против Шкендија одигравме добро и штета што не успеавме да освоиме бод. Очекувам дека во иднина ќе постигнуваме подобри резултати. Ако ја погледнете табелата самите ќе се уверите дека екипите се израмнети. Ние имавме лош старт на сезоната, но конкуренцијата е израмнета и поради тоа ние немаме поголемо заостанување зад останатите екипи. Играме добро, создаваме шанси, но за жал постигнавме само три гола што значи дека мораме да ја подобриме реализацијата. Се надевам дека бргу ќе излеземе од кризата “, изјави искусниот Александар Вареловски.
Спорт
ФИФА суспендираше седум репрезентативци на Малезија поради фалсификување на документи

Дисциплинскиот комитет на ФИФА донесе строги мерки против Фудбалската асоцијација на Малезија (ФАМ) и седум интернационални фудбалери – Габриел Палмеро, Факундо Гарсес, Родриго Холгадо, Иманол Мачука, Жоао Фигеиредо, Џон Иразабал и Хектор Хевел – поради злоупотреба на документи и прекршување на Дисциплинскиот кодекс. Играчите имаат аргентинско, шпанско, бразилско и холандско потекло, а Гарсес настапува за шпанскиот тим Алавес од Ла Лига.
Според објавеното, ФАМ поднела лажни документи до ФИФА за овие играчи да можат да играат за Малезија против Виетнам во третото квалификациско коло за Азискиот куп на 10 јуни.
Како резултат на тоа, Малезија ќе треба да плати казна од 350.000 швајцарски франци, додека секој од фудбалерите ќе мора да уплати по 2.000 франци.
Покрај финансиската санкција, сите седум играчи се суспендирани од фудбалски активности на период од 12 месеци од денот на објавувањето на одлуката. Оваа одлука може да се обжали пред Апелацискиот комитет на ФИФА.
Спорт
ПСЖ остана без Маркињос во наредните неколку седмици

Бразилскиот фудбалер и капитен на Пари Сен Жермен, Маркињос, го повреди левиот бутен мускул и нема да игра во наредните неколку недели, соопшти клубот од Париз.
ПСЖ не прецизираше кога Бразилецот ја добил повредата, иако тој одигра цел натпревар против Марсеј (1-0) во понеделникот, како и натпреварот од Лигата на шампионите минатата недела против Аталанта (4-0).
Маркињос така ѝ се приклучи на листата на повредени во која веќе се наоѓаат Осман Дембеле, Дезире Дуе и Жоао Невеш, кои се во процес на рехабилитација, се наведува во лекарското соопштение на клубот.
На утринскиот тренинг во петокот тие отсуствуваа, додека играчот од средниот ред Фабијан Руиз работеше одвоено од екипата. Бредли Баркола, кој имаше проблеми со бутниот мускул и поради тоа го пропушти дуелот со Марсеј, се врати во тренажен процес.
ПСЖ во среда ќе ја пречека Барселона во Лигата на шампионите, а веќе на 5 октомври ќе игра против Лил во Лига 1.