Спорт
„Салах и Де Брујне не играа дека имаа лични несогласувања со Мурињо“

Мохамед Салах и Кевин де Брујне биле и повеќе од добри, но поради несогласувања со Жозе Мурињо, не добиле шанса во Челси, открива поранешниот вработен во клупската администрација, Еди Њутн.
Салах и Де Брујне не можеа никако да си обезбедат место во стартниот тим на Челси додека менаџер беше Мурињо. Станува збор за мандатот на Португалецот од 2013 до 2015 година.
Белгиецот од „Стенфорд Бриџ“ си замина во 2014 година. Одигра одлична сезона во Волфсбург, која му овозможи трансфер вреден 70 милиони евра во Манчестер сити.
Салах од Челси замина во 2016 година во Рома откако претходната сезона ја мина на заем во Фиорентина. Египќанецот последните четири сезони е играч на Ливерпул.
Тие сега се меѓу најдобрите играчи во Премиер лигата.
„Талентот на Салах и Де Брујне не беше проблем“, рекол Њутн и дополнил.
„Проблем беа личните несогласувања што ги имаа со Мурињо. Тогаш тоа не функционира. Беа и повеќе од добри, но менаџерот не се согласуваше со нив“.
Еди Њутн работел во Челси од 2012 до 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тотенхем успеа да го добие Педро Поро од Спортинг Лисабон

Челниците на Тотенхем успеаја да го обезбедат трансферот на Педро Поро. Откако Спортинг Лисабон се согласи на договор, тоа ќе биде позајмица до крајот на сезоната со задолжително откупување од 40 милиони евра.
Сепак, тука не е крајот на добрата работа на лондонскиот клуб во последниот ден од преодниот рок. Како што пренесуваат англиските и шпанските медиуми, склучен е договор со Атлетико Мадрид, па Мет Доерти вториот дел од сезоната ќе го помине со „јорганџиите“ како позајмен играч од Лондон.
Ирецот не е првиот избор на Конте на позицијата крај десната аут линија каде предност има Емерсон Ројал, а сега пристигна и Педро Поро.
Спорт
Баерн Минхен го претстави Жоао Кансело

Португалскиот репрезентативец Жoao Кансело е нов фудбалер на Баерн Минхен. Тој дојде од Манчестер Сити на позајмица до крајот на сезоната.
До неодамна Кансело беше исклучително важен играч во тимот на тренерот Пеп Гвардиола, но дојде до незадоволство кај фудбалерот откако беше резерва во тимот во изминатите неколку седмици.
Кансело има и откупна клаузула од 70 милиони евра која Германците ќе треба да ја платат доколку сакаат да го задржат и по завршувањето на сезоната.
🔴⚪ Hier mag euch jemand 𝓢𝓮𝓻𝓿𝓾𝓼 sagen! 👀✌️ #ServusJoão
🔗 https://t.co/Zl8900o30p#MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/OppwjX5TW6
— FC Bayern München (@FCBayern) January 31, 2023
Спорт
РФМ ги донираше финансиските средства од хуманитарниот меч „Сите ѕвезди“ во СОС Детско село

Челниците на Ракометна федерација на Македонија, претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски го посетија СОС Детско село. Ветувањето е остварено, донацијата од настанот „Сите ѕвезди“ ќе заврши кај оние што им е најпотребна.
„Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно музички спектакл одржан на 3 јануари 2023 година во организација на Ракометната федерација на Македонија, изнесува 1,372,550 денари, која сума ќе биде донирана на организацијата „СОС Детско село“.
„Сите Ѕвезди за СОС Детско село“ го славеше ракометот, го славеше спортот. Победи човечноста и хуманоста. Заедно покажавме дека македонската нација е хумана, а спортот има посебна моќ да нѐ вивне во височините и да ни пружи уникатна доза на среќа.
Сакајте го и негувајте го македонскиот спорт“, потенцираа од РФМ.