Спорт
Салах и Ѓокереш во трка за „Златната копачка“

Крајот на сезоната се ближи во повеќето европски национални шампионати, а трката за „Златната копачка“, влегува во неизвесен финиш.
Мохамед Салах беше и стрелец синоќа во победата на Ливерпул над Тотенхем (5:1). Салах го постигна 28. гол сезонава. Кога бројот на постигнати голови ќе се помножи со коефициентот „2“, се доаѓа до бројката 56.
Лидер на листата е Швеѓанецот од Спортинг, Виктор Ѓокерес постигна четири гола против Боависта. Ѓокереш дојде до бројката од 38 гола во сезоната, со коефициент од 1,5 напаѓачот на Спортинг Лисабон моментално ја предводи трката за „Златната копачка“ со 57 бода.
На третото место е Роберт Левандовски кој е повреден и прашањето е дали ќе може да се вмеша во ваа трка. Тој е на 50 поени. Хари Кејн и Матео Ретеги имаат 48 поени.
Како што сега стојат работите во последните три рунди, за „Златната копачка“ ќе се борат Салах и Ѓокерес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Трајковски го задржа Хајдук во шампионската трка

Хаотичната фудбалска сезона во Хрватска ќе кулминира во последното коло, кога ќе биде решена шампионската трка меѓу Риека, Динамо и Хајдук.
Во дербито на претпоследното коло, и по големиот кикс на Динамо на „Максимир“ против Локомотива (1:1), Хајдук ја победи Риека во Сплит со 2:1 (1:0).
Одличен натпревар на „Пољуд“ наговести Марко Ливаја, кој постигна гол од пенал во 11-тата минута. Риека долго време го бркаше израмнување, имаше неколку шанси, а за 1:1 погоди Дује Чоп во 73-та минута.
MARKO LIVAJA COLD AS ICE!!!
PANENKA! HAJDUK ARE STILL IN THE TITLE RACE!#HNL #HAJRJKpic.twitter.com/DchbuzeFZV
— Croatian Football (@CroatiaFooty) May 18, 2025
DUJE ČOP EQUALISES FOR RIJEKA!!!
RIJEKA ARE ONE GOAL AWAY FROM WINNING THE TITLE!#HNL #HAJRJKpic.twitter.com/Hm17PPFPJz
— Croatian Football (@CroatiaFooty) May 18, 2025
Но, минута подоцна, Џенаро Гатузо прави извонредни измени кои му ја донесоа победата.
Италијанецот ги внесе Калиќ и Трајковски на теренот и двајцата го креираа голот за победа во 78-та минута. По асистенцијата на Иван Ракитиќ, македонскиот репрезентивец го постигна вториот гол за Хајдук.
ALEKSANDAR TRAJKOVSKI MAKES IT 2-1!!!#HNL #HAJRJKpic.twitter.com/f09iEN3d3f
— Croatian Football (@CroatiaFooty) May 18, 2025
Новиот шампион ќе биде познат во последното коло, следната сабота од 19:00 часот.
Риека (62 бода) ќе се сретне со Славен Белупо и во случај на победа, ќе стане шампион, бидејќи има подобар скор од Динамо (62), кој ќе игра против Вараждин на својот стадион.
Хајдук (60), кој ќе гостува кај Шибеник, ќе чека шанса, а тоа дека ќе се надева порази да доживеат и Риека и Динамо.
Спорт
(Видео) Голманот Муслера со гол ја „завери“ 25-та титула на Галатасарај

Фудбалерите на Галатасарај ја освоија 25-та титула шампион на Турција и со тоа ја комплетираа „двојната круна“.
На две кола пред крајот, тие ја зачуваа недостижната предност од осум бода пред најголемиот ривал Фенербахче.
Галатасарај ја продолжи доминацијата во турскиот фудбал, а титулата ја потврди со победа од 3:0 над Кајзери.
Стрелци на стадионот „Али Сами Јен“ беа Виктор Осимен и Барис Јилмаз во првото полувреме, односно голманот Фернандо Муслера во второто полувреме.
Уругвајскиот голман постигна гол од пенал во 88-та минута.
GOOOOLLL FERNANDO MUSLERA pic.twitter.com/6cfpB8AWjt
— Ali Sami Yen Sokak (@ASYSokakcom) May 18, 2025
Навивачите однапред се подготвуваа за прославата на титулата, но и за Денот на младите и спортот утре 19. мај, ден со кој се обележува сеќавањето на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Република Турција.
Потоа, навивачите на Галатасарај имаа порака за најголемата ѕвезда, Виктор Осимен.
„Остани со нас, Оси! Не затоа што мораш, туку затоа што сакаш“.
Осимен оваа сезона ја одигра како позајмен фудбалер од Наполи.
Спорт
(Видео) Арсенал го обезбедеи второто место, од третото до седмото се води битка за пласман во ЛШ

Фудбалерите на Арсенал го победија Њукасл со 1:0 во 37-то коло од Премиер лигата.
Арсенал и доколку имаше ненкави дилеми ја обезбеди втората позиција, додека Њукасл се наоѓа во групата од пет тима кои се борат за преостанатите три места, кои носат пласман во Лигата на шампионите.
Арсенал победи со 1:0, со голот на Деклан Рајс во 55-та минута од натпреварот.
Претходно во трката за место во Лигата на шампионите се врати Нотингем Форест. „Шумарите“ во Лондон го победија Вест Хем со 2:1. Стрелци на головите за Форест беа Морган Гибс-Вајт во 11-та и Никоа Миленковиќ 61-та минута. Голот за „чеканите“ го постигна Џерод Боувен.
На табелата Њукасл, Челси и Астон Вила имаат по 66 бода, а Манчестер сити и Нотингем Форест по 65. Сити има натпревар помалку од конкурентите, кој ќе го одигра во вториник, кога ќе го пречека Борнмут.