Спорт
Салах ќе остане на „Енфилд“ до крајот на сезоната
Иднината на Мохамед Салах во Ливерпул повторно е актуелна тема, а клубот се подготвува за клучни разговори со неговиот менаџер, додека египетската ѕвезда е на Африканскиот куп на нации.
Ситуацијата се заостри претходно овој месец по ремито 3:3 против Лидс, кога Салах реагираше бурно и тврдеше дека „клубот го фрлил под автобусот“.
По тој настап, Салах беше изоставен од составот за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер, кој „Црвените“ го добија со 1:0 со голот од пенал на Доминик Собослај.
Сепак, 33-годишникот се врати во составот во победата од 2:0 против Брајтон откако се извини за своите коментари. Во тој натпревар, тој влезе од клупата и му асистираше на Уго Екитике за вториот гол.
Тренерот Арне Слот потоа инсистираше дека инцидентот е зад нив.
„Реков минатата недела, делата зборуваат погласно од зборовите“, рече Слот. „Продолживме понатаму. Тој беше во тимот и беше првата замена што ја доведов. Сега има АФКОН и ќе игра важни натпревари, па затоа е фер што целиот фокус е на Египет.“
Додека Салах е фокусиран на своите обврски со Египет, го постигна победничкиот гол за пресвртот против Зимбабве (2:1), спортскиот директор на Ливерпул, Ричард Хјуз, се подготвува за финалните разговори со Рами Абас, со кого ќе разговара за иднината на Салах.
Салах долго време се поврзуваше со преселба во Саудиската професионална лига во текот на 2026 година, или во јануари или на лето. Интересот го потврди извршниот директор на лигата, Омар Мугарбел.
„Мохамед Салах е добредојден во саудиската лига, но клубовите се одговорни за преговорите со играчите. Салах е сигурно една од нашите цели“, рече Мугарбел.
Сепак, се чини дека Салах ќе остане во Ливерпул барем до крајот на сезоната, а причината е сериозната повреда на Александар Исак. Шведскиот напаѓач, кој пристигна од Њукасл ова лето, го скрши глуждот во победата од 2:1 над Тотенхем во саботата.
Foto/ depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норис очекува „повеќе хаос на трките“
Актуелниот светски шампион во Формула 1, Ландо Норис, изјави дека очекува „многу повеќе хаос на трките“ оваа сезона поради најголемите промени во правилата во историјата на шампионатот.
Формула 1 влегува во нова ера со целосно променети правила – новите мотори, шасијата, горивото и гумите, како и управувањето со енергијата на батериите ќе играат централна улога.
Хибридните системи сега обезбедуваат значително поголем дел од вкупната моќност на моторот.
„Ќе видите повеќе хаос на трките, каде што возачот мора да биде многу посвесен за сите различни ситуации што можат да се случат“, рече Британецот.
„Тоа ќе се случува во текот на целата година. Поголем акцент се става на способноста на возачот да ги контролира сите тие фактори.“
Новата сезона во Ф1 започнува на 8 март со Големата награда на Австралија во Мелбурн.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Нереални сцени на натпреварот од Младинската лига на УЕФА во Келн
Младинската лига на УЕФА влезе во нокаут фазата, познати се сите учесници во осминафиналето.
Натпреварите одиграни во рамките на 1/16-финалето ги обележа дуелот во Келн.
Германскиот тим таму беше домаќин на Интер, а атмосферата беше неверојатна. Клубот ги распродаде сите 50.000 билети за натпреварот на младинскиот тим, а атмосферата беше еднаква на онаа што ја гледаме во најдобрите натпревари од Лигата на шампионите.
Cologne sold 50,000 tickets for today's UEFA Youth League game vs. Inter, setting a new competition attendance record 😲
Immense support. What an experience for those youngsters 👏pic.twitter.com/dU1OzIhtiO
— Men in Blazers (@MenInBlazers) February 4, 2026
Ова не му помогна на Келн да го елиминира Интер, иако домашниот тим беше блиску да се избори за пенал-рулетот. На крајот, загуби со 3:1, со два гола во судиското продолжение, Зарате Идалго постигна во 90+7, а Кукулис во 90+8 минута, во двата наврати асистент беше младиот Црногорец Вукоје.
Оваа фаза донесе и неколку големи изненадувања, Манчестер Сити и Барселона беа елиминирани од понатамошниот тек на натпреварувањето. ХЈК беше подобар од „граѓаните“, во Хелсинки победија по изведување на пенали – 3:3, 4:3.
Шпанскиот тим исто така немаше среќа по изведувањето на пенали, Макаби Хаифа беше подобар од Барселона во Унгарија – 2:2, 3:1. Резултатот од Варшава исто така беше изненадување, каде Легија го победи Ајакс – 2:1.
Претходно, во вторниотк, Жилина го победи Ливерпул со 2:1 пред 10.500 гледачи.
Плајсман во осминафиналето изборија: Атлетико Мадрид, ПСЖ, Бенфика, Виљареал, Спортинг, Бетис, Челзи, Бриж, Реал Мадрид, Ајнтрахт, АЗ Алкмар и Жилина.
Спорт
Порзингис „трејдуван“ во Голден Стејт
Летонецот Кристапс Порзингис ја продолжува кариерата во Голден Стејт Вориорс.
Претходната вечер тој беше дел од размената, која во Атланта Хокс ги донесе Бади Хилд и Џонатан Куминга.
Со оваа зделка, Атланата стави крај на возбудлив период во кој, да потсетиме, го разменија и лидерот Тре Јанг (во Вашингтон).
Доаѓањето на Порзингис меѓу „воините“ значи и дека франшизата од Сан Франциско официјално се откажа од обидите да го ангажира Јанис Адетокумбо, кој беше првата „мета“.
Американските медиуми објавуваат дека Вориорс испратиле неколку понуди за Јанис во последните недели, но од друга страна, добиле јасни сигнали дека Адетокумбо не е опција за размена.
За Голден Стејт, најважното прашање сега е здравјето на Прзингис, кој во последно време се мачи со повредите. Тој одигра само 17 натпревари за Хокс оваа сезона, а 42 во целата сезона 2024/2025 што ја помина со Селтикс.
Од таборот на „Воините“ се надеваат дека искусниот кошаркар, кој го одигра својот последен натпревар на 7 јануари, ќе може да се врати во форма навреме.
Според последните информации, Порзингис треба да се појави на теренот во следните натпревари.
Голден Стејт моментално е осми во Западната конференција со скор од 27-24.

