Спорт
Салах: Потполно сум уништен
Ливерпул не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите. По синоќешниот триумф на Манчестер Јунајтед против Челси (4:1), и дефинитивно завршија сите надежи на „црвените“’ дека можат повторно да бидат дел од елитното европско клупско натпреварување следната сезона.
Ова е првпат во ерата на Јирген Клоп, Ливерпул да не избори пласман за ЛШ. Сето ова делува фрустрирачки на најдобриот фудбалер во тимот, египетскиот интернационалец Мохамед Салах.
„Потполно сум уништен. За ова нема апсолутно никакво оправдување. Ние сме Ливерпул и местото ни е во Лигата на шампионите. Тоа треба да е минимумот за овој клуб. Жал ми е, но прерано е за оптимистички пост. Ве изневеривме и вас и себе“, се обрати Мохамед Салах до навивачите на Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јошко Гвардиол е најскап дефанзивец во светот
Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол се најде на врвот на уште една листа на дефанзивци од светска класа, пренесува официјалниот сајт на Хрватскиот фудбалски сојуз.
Гвардиола, кој брзо стана еден од клучните играчи на хрватската репрезентација и англискиот шампион Манчестер сити, го зазеде првото место на рангирањето на најскапите дефанзивци во светот според Меѓународната фудбалска опсерваторија (CIES).
Проценетата вредност на трансферот е 115,7 милиони евра. Зад него се Вилијам Салиба од Арсенал (101,8), Пјер Инкапие од Баер Леверкузен (90,3) и клупскиот соиграч на Гвардиол, Рик Луис (87,5).
Вкупно, Гвардиол се наоѓа на 16-тото место на листата на најскапи играчи во светот. Листата ја предводат Џуд Белингем (251,4), Ерлинг Халанд (221,5) и Винисиус Жуниор (205,7).
Гвардиол оваа сезона постигна четири гола за Манчестер сити.
Спорт
Кливленд во дербито ја победи Оклахома
Кливленд Кавалирс го добија дуелот на најдобрите тиови во НБА лигата. Кавалирс ги победија Оклахома сити Тандер со 129:122. Поразот во Кливленд е прв за Оклахома по 15 последовни победи.
Џерет Ален доминираше со 25 поени, Мобли додаде 21. Кливленд има скор од 32 победи и четири порази, во досегашниот тек од сезоната Кавалирс немаат пораз против тимовите од Западот, а на домашен терен претрпеа само еден пораз во 20 натпревари.
Тандер загубија прв пат од 1.декември, до дуелот со Кливленд нанинжаа 15 победи.
Ова е прв пораз на Тандер од првиот ден од декември, Шеј Гилџес-Александер постигна 31 поен, Вилијамс додаде 25.
Ова е само трет пат во историјата два тима чија победничка серија во тој момент беше двоцифрена да играат меѓу себе. И за прв пат по еден век, ова е случај Последната таква игра ја одиграа Сиетл и Јута во средината на 1990-тите, кога Соникс и Џез имаа по десет победи.
Единствените четири тима кои имаа подобар учинок од Кавс по 36 натпревари се Вориорс од 2015-16 година, Филаделфија од 1966 година со Вилт Чембрлен, митските ЛА Лејкерс од почетокот на 1970-тите и секако Чикаго Булс на Мајкл Џордан Чикаго од сезоната 1995/96
Резултати:
Кливленд – Оклахома 129:122
Индијана – Чикаго 129:113
Филаделфија – Вашингтон 109:103
Бруклин – Детроит 98:113
Њујорк – Торонто 112:98
Њу Орлеанс – Портланд 100:119
Денвер – ЛА Клиперс 126:103
Милвоки – Сан Антонио 121:105
Спорт
Тешка ждрепка за Ѓоковиќ на Австралија опен
Извлечен е костурот за првиот Гренд слем турнир во сезоната, Австралија опен. 10-кратниот освојувач на турнирот Новак Ѓоковиќ, има тежок пат во Мелбурн.
Ѓоковиќ со бранителот на титулата, Јаник Синер, може да се сретна само во евентуалното финале. Меѓутоа во четвртфиналето го чека Карлос Алкараз, а во полуфиналето Александар Зверев.
Турнирот Ѓоковиќ ќе го започне против Американецот Нишеш Басавареди. Во вториот ќе игра против Павел Котов или квалификант, а можни ривали во третиот круг му се Опелка/квалификант/Нагал/Махач.
Јаник Синер го отвора турнирот против Николас Џари од Чиле, а потоа продолжува на подобриот од дуелот Даниел – Скулкејт.
Саша Зверев во првото коло ќе се соочи со Лукас Пуј, а доколку победи во второто коло ќе се соочи со Дардери или Мартинез. Негов проектиран противник во третото коло е Ник Кирјиос, кој игра со Џејкоб Феарнли во првото коло.
Тејлор Фриц го започнува турнирот пред Џенсон Бруксби, а Карлос Алкараз во првото коло ќе игра против Олександр Шевченко.