Спорт
Салах влезе во историјата на Премиер лигата, оствари дабл-дабл пред Божик

Мохамед Салах го предводеше Ливерпул до убедливата победа над Тотенхем во Лондон (6:3) и се запиша во историјата на Премиер лигата.
Салах мечот со Ливерпул го заврши со фва гола и две асистенции. Вкупно сезонава постиган 15 голови и забележа 11 асистенции.
Египќамецот е првиот играч во историјата на Премиер лигата. кој пред Божик забележал двоцифрен број на голови и асистенции.
На последните девет натпревари, Салах зад своето има запишал гол или асистенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лахоз за пеналот на Алварез: Технологијата мора правилно да се користи

Легендарниот шпански судија Антонио Матеу Лахоз, кој сега работи како професионален коментатор, проговори за одлуката на главниот судија Шимон Марчинијак кој го поништи голот на Алварез, против Реал во пенал серијата.
На Лахоз не му се допадна фактот што Марчинијак ја прифати веднаш одлуката од ВАР собата без самиот да ја прегледа снимката.
„Ако донесете одлука толку брзо, претпоставувам дека имате јасна слика за ситуацијата. Секогаш ми недостига транспарентност, за сите да ја гледаме ситуацијата низ очите на главниот судија и пред мониторот. Со тоа ќе се избегнат контроверзните одлуки кои му штетат на спортот”, изјави Лахоз за ТВ Мовистар.
„Се оди кон тоа да се види ситуацијата од секој агол. Да бев информиран за оваа одлука, немаше да бидам мирен додека самиот не ја погледнев снимката. Би сакал да ја гледам и врз основа на тоа да одлучам. Тоа ќе беше моја одговорност, така го разбирам судењето.
Технологијата е корисна, но мора да се користи правилно, судијата мора сам да ја донесе одлуката. На начинот на кој што постапи Марчинијак и понатаму имаме сомнежи“, изјави Лахоз, кој ја заврши својата кариера во 2023 година.
Спорт
Доменикали ќе ја води Формула 1 уште пет години

Стефано Доменикали ќе остане претседател и извршен директор на Формула 1 менаџментот уште најмалку 5 години, објави сопственикот на комерцијалните права на шампионатот, Либерти Медиа.
Поранешниот тимски шеф на Ферари ја презеде Формула 1 на почетокот на 2021 година и под негово водство спортот постигна значителен напредок, како во однос на глобалниот интерес на навивачите, така и во однос на растот на приходите.
Доменик е втор извршен директор на ФОМ по Чејс Кери, кој беше назначен на позицијата откако Либерти Медиа ги купи комерцијалните права за Светското првенство во 2017 година.
Според новиот договор, Доменикали ќе го води ФОМ до крајот на 2029 година, со што е ставен крај на шпекулациите дека тој ќе ја напушти Формула 1 за да го води Мото ГП, каде што Либерти Медиа исто така ги стекна комерцијалните права на шампионатот.
Новата сезона во Формула 1 започнува со тренинзите во петок, пред неделната трка за Големата награда на Австралија.
Спорт
Анчелоти: Кога ја видов реакцијата на Ендрик, решив да шутира Ридигер

Реал имаше повеќе среќа од Атлетико, избори пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, каде ги чека Арсенал.
По вкупни 2:2, Реал победи на пенали со 4:2. Клуч за победата беше поништениот пенал на Хулијан Алварез во втората серија.
Мбапе, Белингем и Валверде погодија во првите три серии за Реал, Облак го одбрани ударот на Васкез, а откако Љоренте ја погоди гредата, во петтата серија Ридигер постигна гол со многу среќа. Облак ја имаше топката во рацете, но таа некако успеа да влезе во голот.
„Не бевме сигурни кој ќе го изведе петтиот пенал за нас. Го прашавме Ендрик дали може да го изведе петтиот пенал, но кога ја видовме неговата реакција, решивме дека е подобро Ридигер да го изведе. Го ставивме Мбапе да го изведе првиот пенал затоа што тој е најдобриот изведувач, а Ридигер да го изведе последниот, бидејќи реализираше пенал (минатата сезона) против Манчестер Сити, “, откри тренерот на Реал.