Спорт
Салцбург му врачи отказ на поранешниот помошник на Клоп

Салцбург го отпушти тренерот Пепијн Лијндерс. Во март, Холанѓанецот го презеде кормилото на освојувачот на 10 последователни титули во австрискиот шампионат.
Годинава тимот од градот на Моцарт освои само 26 бода по 16 кола во австриската Бундеслига, а петтото место на табелата е далеку од она што води во Лигата на шампионите.
Последен пат 41-годишниот тренер седна на клупата на Салцбург во саботата, два дена пред отказот, кога неговиот тим славеше победа од 3:0 на домашен терен над Австрија Клагенфурт во одложениот натпревар од шестото коло.
Салцбург игра лошо и во Лигата на шампионите, во пресрет на последните две кола има само една победа и пет порази. Новиот тренер во ЛШ го очекуваат уште натпреварите со клубовите од Мадрид, Реал и Атлетико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Крај на приказната, Тадиќ нема да ја засили Црвена звезда

Душан Тадиќ нема да ја засили Црвена звезда, кариерата ќе ја продолжи во странство.
Според сознанијата на „Спорт Клуб“, Тадиќ уште еднаш ѝ се заблагодарил на Црвена звезда за поканата и приказната тука завршува.
Тадиќ имал малку поопуштен став, оставил простор евентуално да дојде во Звезда, но сепак останал доследен на чувството дека концептуално не се вклопува во тој клуб.
Исто така и челниците на српскиот шампион го загубиле трпението, бидејќи планирале Тадиќ да го имаат во тимот за двомечот со Лех Познањ, во третата квалификациска рунда во Лигата на шампионите.
Финансиската понуда е добра, како и улогата во тимот, но Тадиќ одлучил дека нема потреба да игра за Звезда во кариерата.
Можно е Тадиќ да замине во Саудиска Арабија.
Спорт
Ненадејно почина Жорге Кошта, легендарниот капитен и икона на Порто

Почина Жорге Кошта (53), поранешен португалски фудбалер и легендарен капитен на Порто.
Во сино-белиот дрес, тој освои осум титули во лигата, Лигата на шампионите и Интерконтиненталниот куп, а со репрезентацијата беше светски шампион до 20 години.
Информацијата за смртта ја потврди болнички извор, јавува португалското радио „Ренасенса“.
Според болницата „Сао Жоао“, Коста „доживеал кардиореспираторен застој во одделот за итни случаи и бил прогласен за мртов“. Поранешниот фудбалер доживеал срцев удар во 2022 година и бил подложен на катетеризација.
„Во текот на својот живот, на теренот и надвор од него, Жорге Кошта ги отелотворувал вредностите што го дефинираат ФК Порто: посветеност, лидерство, страст и непоколеблив победнички дух. Тој ги обележа генерациите навивачи и стана најголем симбол на клубот“, се вели во соопштението. „Никогаш нема да бидш заборавен, капитене“, соопшти клубот.
Спорт
Јовиќ потпиша договор со АЕК

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ потпиша договор со АЕК Атина, објави клубот.
Финансиските детали и времетраењето на договорот не беа откриени, но грчките медиуми тврдат дека Јовиќ се согласил на двегодишен договор, при што српскиот фудбалер треба да заработи вкупно шест милиони евра.
Својата кариера ја започна во Црвена звезда, а потоа играше за Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид и Фиорентина. Последните две сезони ги помина во Милан.
Одигра 45 натпревари за српската репрезентација и постигна 11 гола.