Спорт
„Само Лаутаро од Серија А може да игра во Сити или Реал“
Фабио Канаваро светскио првак со Италија во 2006 година за италијанските медиуми го коментираше списокот од 30 фудбалери кои конкурираат за Залтната топка.
На спискот има тројца од Серија А, Лаутаро Мартинез и Хакан Чалханоглу од Интер, односно Адемола Лукман во Аталанта.
„Не можете да го доведете во прашање името на Лаутаро на списокот. Ја освои Серија А и Копа Америка. Прави разлика дури и во репрезентацијата. Никогаш нема да ве изневери. Кога ќе помислам на играчи од Серија А кои би можеле да играат за Манчестер Сити и Реал, мислам дека тој е единствениот.“
Канаваро и покрај тоа што играше во одбраната успеа во 2006 година да ја освои Златната топка. Спроед некои прогнози во најтесниот круг за наградата е десниот бек на Реал, Дани Карвахал.
„Карвахал освои се, но дефанзивецот мора да направи извонредни работи за да ја освои Златната топка“, заклучи Канаваро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Туван го лансираше Удинезе на челната позиција во Серија А
Фудбалерите на Удинезе со пресврт победија во Парма со резултат 3:2 (0:2) и по четвртото коло се искачија на челната позција на табелата во Серија А.
Парма на полувреме имаше предност од два гола, но победата ја однесоа гостите од Удине.
Дел Прато во втората минута им донесе предност на домашните, додека Бони ја удвои во 43. минута. Во двете ситуации, словенечкиот стопер Јака Бијол реагираше многу слабо.
А потоа во паузата на „Енио Тардини“ се се смени и „зебрите“ одиграа сосема поинаку отколку во првите 45 минути.
Најпрвин Лука веќе во 49. минута ја намали негативата на гостинскиот тим, а потоа на сцена стапи Флоран Туван.
Французинот најпрвин го израмни резултатот во 68. минута, а во 77. погоди за 3:2.
Парма во 73.минута остана со играч помалку, поради два жолти каротни Кеита беше исклучен.
Удинесе со три победи и еден нерешен резултат ја предводи Серија А со 10 поени, еден повеќе од Наполи и два повеќе од Интер, Јувентус и Торино.
Спорт
„Ферстапен е најдобриот возач во историјата на Формула 1“
Герхард Бергер, поранешниот возач на Ферари во Формула 1, нема дилема кој е најдобриот на сите времиња.
Австриецот во преден план го стави актуелниот светски шампион Макс Ферстапен.
„Тој ја има таа неверојатна способност да го избере вистинскиот момент за претекнување. Тоа го немаа ниту Сена, ниту Шумахер, ниту Хамилтон“, изјави Бергер.
На пофалбите за Холанѓанецот им немаше крај.
„Макс е секогаш на вистинското место во вистинско време. На стартот, во првиот свиок, во дуел. Никој не го прави тоа подобро од него. Затоа мислам дека тој е најдобриот кој некогаш ја возел формулата“, вели Бергер.
Ферстапен досега има остварено 61 победа во кариерата и има три светски шампионски титули со добри шанси да освои четврта. Сепак, тој е се уште далеку од Хамилтон и Шумахер по бројот на вкупни победи и титули, кои освоија по седум пехари наменети за најдобриот во генералниот пласман.
Спорт
„Ѓоковиќ гоат? Лудо е да се дискутира за тоа“
Руската тенисерка Дарија Касаткина проговори за „големата тениска тројка“ во која се Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Таа истакна дека тројцата немаат конкуренција, прво рече дека не можат да ги споредуваат Рафаел Надал и Карлос Алкарас, но дека единственото нешто што им е заедничко е тоа што двајцата се од Шпанија, а потоа беше прашана за „големата тројка“.
„Тие тројца се недостижни“, рече Касаткина, по што брзо беше прашана дали Новак е чекор понапред.
„Знаете, кога некој има идол, го сака без разлика на резултатите и дали се споредливи и во мојот случај, бидејќи почнав од детството“, рече Русинката чиј идол е Рафаел Надал и продолжи:
„Објективно, гледајќи ги резултатите, Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња, лудо е да се дискутира за тоа. Се друго е прашање на вкус“.