Спорт
Само во Јужна Америка – ВАР-црвен картон пред почетокот на мечот!
Дуелот од Суперкупот на Парагвај помеѓу Серо Портењо и Олимпија ни го донесе можеби најбизарниот црвен картон добиен со помош на ВАР-системот – бразилскиот голман на Серо, Жан Фернандеш, доби црвен картон уште пред да почне мечот.
Фернандеш доби црвен картон за заканувачко гестикулирање кон навивачите на Олимпија по излегувањето на стадионот „Дефенсорес дел Чако“ и одговори на навредите од фановите. Судијата Ебер Акино реши да ја провери ВАР-снимката и да му даде црвен картон. На крајот Олимпија стигна до 3:1 победа.
Фернандеш се правдаше дека ваква гестикулација е нормална во Бразил.
„Направив гест, кој е нормален во Бразил. Кога го оставав крстот на голот, нешто што секогаш го правам, тие почнаа да фрлаат со работи со нас. И, одговорив. Фудбалерот Жерсон слави вака постојано во Бразил, тоа го нарекуваме вапо, по движењето во фанк-музиката. Не знам што мислеше судијата“, вели Фернандеш.
Инаку, еден од головите на Олимпија го постигна 40-годишниот Роке Санта Круз по што потврди дека ќе продолжи со фудбалот, но дека ова му бил последен меч во Олимпија за која одигра 392 меча и постигна 92 гола.
El arquero de Cerro Porteño, Jean Paulo Fernandes, explicó el gesto que hizo y que le costó la expulsión.pic.twitter.com/MWUVofumwV
— Daniel Miranda (@dani_miranda96) December 12, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

