Спорт
Самуел Ето вмешан во голем скандал: Не се грижи, знам како станав претседател на федерацијата
Самуел Ето е повторно во фокусот поради учество во голем скандал во камерунскиот фудбал. Објавени се аудио снимки од легендарниот голгетер на Барселона и на Интер, кој сега е претседател на Фудбалската федерација на Камерун, а му ветува на претседателот на клубот Викторија Лимбе дека неговиот тим ќе влезе во Првата лига.
Во снимените разговори, Ето ветува дека ќе ги врати бодовите што му биле одземени на овој клуб.
„Мораш да останеш мирен, ќе ти ги вратам бодовите и ќе го суспендирам судијата. Само дај ми време, да се вратам назад во Камерун. Дојди во мојата канцеларија, ќе се видиме, земи ја и сопругата. Твојот клуб мора да влезе во Првата лига, но мораш и ти да ми помогнеш и да не правиш сега голема врева. Знам како станав претседател на федерацијата, дека ти должам на тебе и на нашите двајца блиски пријатели“, вели Ето во разговорот.
Тој се обиде да го појасни разговорот, но очигледно дека не му успеа.
„Зборував со пријател, некој што инвестира во фудбалот и сака неговиот клуб да го направи еден од најдобрите во Камерун. Само му кажував дека ќе направам сѐ да нема судиски лакрдии против неговиот клуб“, се обиде да објасни Самуел Ето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

