Спорт
Сарџент ќе плати за грешката на Албон

Алекс Албон доживеа тежок инцидент во Мелбурн, целосно го уништи болидот на Вилијамс, но сепак ќе вози во трката за Големата награда на Австралија.
Грешката на Албон ќе ја плати неговиот колега,Логан Сарџент, кој ќе мора да го отстапи својот болид. Ова е одлука на британскиот тим.
„Со оглед на тоа што болидот на Алекс Албон не може да се поправи, а бидејќи немаме резервен автомобил, тимот донесе одлука до крајот на тркачкиот викенд Албон да биде во болидот на Логан Сарџент, кој нема да учествува во трката во Австралија“, се вели во соопштението на Вилијамс и се додава .
„Иако Логан не погреши и не е виновен, оваа одлука ја донесовме врз основа на оценката дека ова е нашата најдобра шанса да дојдеме до бодови овој викенд. Не можеме да најдеме зборови да му се заблагодариме на Логан за неговата посветеност на тимот“.
Тоа значи дека на стартот на трката во Австралија ќе има 19 болиди. Трката е закажана за в недела во 5 часот по средноевропско време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн може да почне да ја слави титулата, котраверзна победа на Борусија кај Хофенхајм

Чудо треба да се случи во Бундес лигата за Баерн да не ја освои 34. шампионска титула. Во 31.коло, Баерн го победи Мајнц со 3:0, а Баер Леверкузен со 2:0 славеше над Аугсбург. Баварците ја задржаа предноста од осум бода пред актуелните шампиони.
Баерн победата над Мајнц ја обезбеди во првото полувреме со головите на Лирој Сане и Михаел Олисе. Победата ја запечати Ерик Даер во 84. минута.
Натпреварот го одбележа големиот јубилеј на легендата на Баерн, Томас Милер.
Тој го одигра својот 500. натпревар во Бундеслигата, сето тоа во дресот на еден клуб. Тој стана само четвртиот играч кој го сторил тоа.
По два последователни нерешени резултати, Леверкузен конечно стигна до победата.
Аугсбург беше поразен со 2:0 со головите на Патрик Шик и Емилијано Буендија, па актуелниот шампион се уште теоретски останаа во трката за титулата.
Борусија Дортмунд со голот на Антон во 95.минута победи кај Хофенхајм со 3.2. Токму голот на Антон ќе предизвика полемика во германската јавност, бидејќи претходно во акцијата имаше очигледен контакт на Чукуемека со голоманот на Хофенхајм.
Спорт
Ѓоковиќ си го распродава угледот, испадна од Арналди во Мадрид

Новак Ѓоковиќ го распродава угледот. Испадна во првиот меч на Мастерсот во Мадрид од Италијанецот Матео Арналди (44. на АТП листата).
Петтиот тенисер во светот, по разочарувачкото издание во Монте Карло, беше брзо запрен и на мадридската земјена подлога.
Матео Арналди, го победи Ѓоковиќ во два сета во второто коло од турнирот во главниот град на Шпанија со резултат 6:3, 6:4 за еден час и 42 минути. Неговиот следен противник ќе биде Дамир Џумхур.
Неизнудените грешки и лошата реализиција на брејк топките придонесоа за поразот на Ѓоковиќ. Српскиот тенисер искористи само една од петте брејк топки, за разлика од него Арналди беше максимален, ги искористи трите брејк шанси. Ѓоковиќ имаше 18 винери и дури 32 неизнудени грешки, премногу за меч во два сета.
Да потсетиме, Новак загуби од Алехандро Табило во првиот мач во Монте Карло а ако се смета и поразот во финалето во Мајами од Јакуб Меншик, ова е негов трет последователен неуспех.
Спорт
Селтик 55. пат се шампиони на Шкотска

На четири кола пред крајот на сезоната, фудбалерите на Селтик ја обезбедија 55-тата титула во историјата на шкотската Премиер лига, како и четвртата титула по ред.
Селтик го победи Данди Јунајтед убедливо со 5:0 на гостински терен, со што на најголемиот ривал Ренџерс му избега на недостижни 18 бода. Селтик има 84, а Ренџерс 66 бода со натпревар помалку.
Прашањето за победникот во Данди беше решено по првото полувреме бидејќи Селтик отиде на пауза со водство од 3:0. Прво, Џек Стрејн ја погоди сопствената мрежа во 30-тата минута, а потоа Дајзен Маеда асистираше двапати, за головите на Даниел Кун.
Во второто полувреме, Адам Идах постигна уште два гола, во 47-та и 58-та минута, со што го комплетираше големото славје на Селтик.
Селтик и Ренџерс сега имаат идентични 55 титули од шкотското првенство, но Селтик доминира изминатите сезони, ова за нив е беше 13-та титула во последните четиринаесет години.