Спорт
Саудиска Арабија ќе вложи 20 милијарди евра во фудбалот до 2030 година
Фудбалските клубови во Саудиска Арабија ќе можат да трошат на трансфери неверојатни 20 милијари евра до 2030 година. Според новинарот Бен Џејкобс, Министерството за спорт на Саудиска Арабија им дало на локалните клубови 17 милијарди фунти (околу 19,7 милијарди евра) за трансфери до 2030 година, што е околу 2,5 милијарди евра годишно.
Вратата ја отвори Кристијано Роналдо, а потоа тргна неверојатната преселба на фудбалски ѕвезди во Саудиска Арабија.
По неуспехот на преговорите со Лионел Меси, Ал-Хилал наддава за неколку други ѕвезди, како Антоан Гризман, Осман Дембеле. Целта на Ал-Хилал за 2024 година е Роберт Левандовски, иако засега напаѓачот на Барселона не размислува за преселба во Саудиска Арабија.
Вчера се дозна дека ПСЖ ја прифатил понудата на Ал-Хилал за трансфер на Мбапе за 300 милиони евра. На напаѓачот му се нудат 700 милиони евра по сезона, вклучително и трговски договори, и бесплатен трансфер во Реал Мадрид во 2024 година. Сепак, сè уште нема коментар од Мбапе за оваа неверојатн понуда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

