Спорт
Саул: На Чоло му должам сѐ, од Атлетико заминав поради него

На три минути пред полноќ Саул Нигез го реализира трансферот во Челси. Играчот целата досегашна кариера ја мина под команда на Диего Симеоне во Атлетико Мадрид, исклучок е само сезоната 2013/2014 кога како позајмен играч го носеше дресот на Рајо Ваљекано. Саул оваа сезона ќе ја игра како позајмен, а по завршувањето, Челси за речиси 40 милиони евра ќе треба да го откупи неговиот договор.
Малку недостигаше овој трансфер да не биде реализиран, што ќе предизвикаше домино-ефект. Доколку Саул не заминеше во Челси, Атлетико немаше да го донесе Антоан Гризман, а Лук де Јонг ќе си останеше во Севилја.
„Беше 23.57 часот кога го комплетиравме трансферот. Се чувствував како Де Хеа, си помислив: „Ова нема да помине. Беше долго попладне и долга ноќ“. Сопругата беше нервозна, имавме неколку тешки денови. Не беше лесно да се донесе одлуката“, рекол Саул.
Тој открил зошто решил да го напушти саканиот Атлетико со кого минатата сезона стана шампион на Шпанија.
„Пред два дена ѝ кажав на сопругата дека ќе останам. Секогаш добро сум се чувствувал во клубот. Единствен проблем беше што не играв на мојата позиција. Мојата глава не можеше да ја прифати новата улога. Во Челси ми ветија дека ќе играм на својата позиција. Ќе видиме како ќе биде. Само поради позицијата во тимот, ја донесов одлуката да заминам од Атлетико“.
„Имав неколку разговори со Чоло за позицијата на која треба да играм. Ова не е од сега, тоа се случува во последните три години. Сѐ му должам на Чоло, имам одличен однос со него, но кога е во прашање составувањето на тимот, тој мора да биде себичен и да размислува за сите во него. Тој сметаше дека јас сум му потребен на левата страна, дека тогаш тимот има подобри перформанси. На крајот сите излеговме како победници. Клубот и тренерот го донесоа играчот што го сакаа, а јас добив можност да се испробам во Премиер лигата. Жал ми што не можев да се простам со навивачите. Да знаев дека ова ќе ми биде последниот ден, ќе направев нешто поинаку, ќе им пријдев, ќе им кажев што чувствувам“, заклучил Саул.
Саул Нигез за Атлетико одиграл 340 натпревари, на кои постигнал 43 гола и забележал 20 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трагичната судбина на Диого Жота: Докторот му рекол да не патува со авион

„Диого Жота патувал со автомобил со својот брат бидејќи му било советувано да не користи авион по операцијата на белите дробови што ја имал“, објавија медиумите во Португалија и Англија.
„Диого и неговиот брат Андре планирале да отпловат за Англија, па поради тоа се упатиле кон Стандандер, а потоа, откако преноќиле, се упатиле кон Бенавенте, каде што требало да се качат на траект за Англија“, објави CNN.
Жота претрпел тешка повреда на ребрата во текот на сезоната и ја искористил паузата помеѓу двете првенства не само за одмор и венчавка, туку и за рутинска операција на белодробно крило кое било малку оштетено од ударот.
Затоа, според португалските медиуми, му било советувано да не користи воздушен транспорт поради разликата во притисокот и можните компликации.
Диого и Андре поради тоа тргнале на пат со автомобил, а набргу потоа се случила трагична несреќа во која двајцата ги загубиле животите.
Гума експлодирала на нивниот автомобил додека престигнувале на патот, ја изгубиле контролата врз возилото кое се превртело и се запалило.
Спортскиот свет се уште е во шок по трагичната вест од Шпанија.
Фото/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Иванишевиќ шокиран од состојбата на Циципас: „Не сум видел понеподготвен играч“

Патувањето на страдањето на Циципас продолжи со неговата елиминација во првото коло на Вимблдон.
Во интервју за „Спортклуб“ во Лондон, Иванишевиќ проговори за соработката со Гркот, за доблестите и недостатоците во играта на неговиот ученик, кој, како што вели, итно треба да реши одредени проблеми што ги има надвор од теренот.
„Едноставно е и не е едноставно. Разговарав со него многу пати. Ако успее да реши некои работи надвор од тенисот, ќе има шанса и ќе се врати таму каде што му е местото, бидејќи е премногу добар играч за да биде надвор од првите десет. Ако не успее тоа, нема шанси. Моја одговорност е да му поправам некои технички детали на теренот, тоа е најлесниот дел, но тој мора самиот да го реши второто. Ако успее, искрено сакам да успее, без разлика дали сум таму или не“, рече Иванишевиќ.
Во првото коло, Циципас загуби од Валентин Ројер, на кого му се предаде по два сета.
„Тој има желба, но не прави ништо. Сè е „ќе биде, ќе биде“, но не гледам никаков напредок. Ако сака да успее, мора да го реши проблемот со грбот. Бев шокиран, никогаш во животот не сум видел играч физички понеподготвен. Јас, со моето колено, сум барем три пати поподготвен од него. Не знам што правеше цела година, но ова е многу лошо“, додаде Горан.
Спорт
Шпански тинејџер е најскапиот играч во историјата на Комо

Шпанскиот крилен играч Хесус Родригез потпиша за Комо до 2030 година во трансфер вреден 22 милиони евра. Родригез стана најскапиот играч во историјата на клубот.
Рекордот што претходно го држеше Мартин Батурина брзо беше срушен. Пред една недела Батурина дојде во Комо од Динамо Загреб за 18 милиони евра.
Хесус Родригез ќе наполни 20 години во ноември, а минатата сезона постигна пет гола на 44 натпревари за Бетис.
Момчето родено во Севилја често се споредува со легендата на клубот, познатиот Хоакин, во однос на неговиот стил на игра.
Foto/ EPA