Спорт
Саутгејт ги откри картите за СП

Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт го објави списокот на репрезентативци кои ќе патуваат на Светското првенство во Катар.
Име по име на речиси едночасовната прес-конференција Саутгејт наведе на кого смета за третиот голем турнир на кој ќе ја води Англија.
Спискот на Саутгејт изгледа вака:
Голмани: Џордан Пикфорд, Ник Поуп, Арон Рамсдејл
Дефанзивци: Трент Александар-Арнолд, Конор Коди, Ерик Даер, Хари Мегваер, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипиер, Кајл Вокер, Бен Вајт
Среден ред: Џуд Билингем, Мејсон Маунт, Калвин Филипс, Деклан Рајс, Џејмс Медисон, Џордан Хендерсон, Конор Галагер
Напад: Маркус Рашфорд, Фил Фоден, Џек Грилиш, Хари Кејн, Букајо Сака, Рахим Стерлинг, Калум Вилсон.
На спискот немаше место за Џо Гомез, Џерод Боуен, Ајван Тони, Џејмс Вард-Проус, Фикајо Тимори, Теми Абрахам…
На претходното Светско првенство што се одржа во Русија во 2018 година, Англија беше поразена од Хрватска во полуфиналето, а потоа беше поразена од Белгија во мечот за третото место.
Англија на СП е во групата Б, во која се и Иран, Велс и Соединетите Американски Држави. Првиот натпревар избраниците на Саутгејт ќе го одиграат на 21. ноември против Иран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ејтон во Лејкерси

Фото/ EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
Деандре Ејтон се согласи на трансфер во Лос Анџелес Лејкерс три недели пред неговиот 27-ми роденден и три дена откако беше ослободен од договорот со Портланд Треил Блејзерс.
Ејтон, потпиша две годишен договор, а следната сезона ќе заработи 34 милиони долари.
Лејкерси го пронајдоа својот стартен центар во Ејтон, првиот избор на драфтот во 2018 година, кој е единствениот играч во историјата на НБА кој во просек постигнувал 15+ поени и имал шут од над 60 отсто во плејофот.
Тој има просек од 16,4 поени и 10,5 скока со 59 отсто шут во последните седум сезони.
Ејтон беше прв пик ма драфтот во 2018 година. На овој драфт Дончиќ беше избран како трет пик.
Спорт
Поништени сите резултати и рекорди на трансроднa пливачка којa доминираше во САД

Фото/ X
Универзитетот во Пенсилванија објави дека ретроактивно ќе ги поништи сите резултати и рекорди поставени од трансродовата пливачка Лија Томас.
Овој универзитет, исто така, им се извини на пливачките кои, поради учеството на Лија Томас на натпреварите во пливање во САД, беа во нееднаква и подредена положба.
Одлуката е резултат на спогодба со Министерството за образование на САД и доаѓа по неколкумесечна федерална истрага која заклучи дека универзитетот ги прекршил одредбите од Законот IX, кој забранува дискриминација врз основа на пол, но сега инсистира на биолошка дефиниција на полот во спортот, дозволувајќи ѝ на Томас да се натпреварува во женска конкуренција.
Да ве потсетиме дека во својата кариера Лија настапувала и во машка и во женска конкуренција.
Како дел од спогодбата, Универзитетот во Пенсилванија се согласи да ги врати сите индивидуални рекорди, титули и почести на пливачките кои ги изгубиле поради Томас, а секоја од нив ќе добие лично извинување.
Исто така, Универзитетот „Пен“ објави официјална изјава на својата веб-страница во која се обврзува дека во иднина нема да им дозволи на мажите да се натпреваруваат во женски спортски програми или да користат женски спортски објекти, а дефинициите на полот ќе се базираат исклучиво на биологијата.
Лија Томас стана првата трансродова спортистка што освои титула во прва дивизија на NCAA, победувајќи во трката на 450 метри слободен стил во 2022 година. Пред тоа, таа настапуваше за машкиот тим на истиот универзитет три години, а се натпреваруваше во женското натпреварување една сезона, за време на која постави бројни рекорди и освои медали.
Одлуката на Универзитетот во Пенсилванија доаѓа во време кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп води широка кампања за забрана на трансродовите спортисти од женските спортови.
Министерството за образование, под закана за задржување на федералните средства (во овој случај 175 милиони долари или 150 милиони евра), побара од „Пен“ да ги почитува новите закони.
NCAA претходно им дозволуваше на трансродовите спортисти да се натпреваруваат во женска конкуренција под одредени услови, вклучувајќи хормонска терапија и документација за нивоата на тестостерон. Сепак, правилата оттогаш се променија и станаа значително порестриктивни, а најновите извршни наредби бараат строга поделба на спортистите според биолошкиот пол.
Секретарката за образование на САД, Линда Мекмахон, ја нарече оваа одлука голема победа за жените и девојчињата, не само на Универзитетот во Пенсилванија, туку и низ целата земја.
Спорт
Имобиле се врати во Серија А

Фото/ EPA-EFE/ERDEM SAHIN
Искусниот италијански напаѓач Чиро Имобиле (35) се враќа во Серија А.
Неговиот нов клуб е Болоња, тврди најпознатиот трансфер инсајдер Фабрицио Романо.
Имобиле ја помина претходната сезона во Бешикташ, одигра 30 натпревари и постигна 15 голови, потврдувајќи ја својата класа, но еден повик од неговата татковина го направи своето.
Чиро е играчот со најмногу титули „крал на стрелци“ во италијанското првенство, тој дури четири пати беше „Капоканониере“ на Серија А, еднаш во дресот на Торино, три пати како играч на Лацио.
Според Романо, тој ќе потпише едногодишен договор со Болоња со можност за продолжување за уште една сезона. Истиот извор претходно објави дека поранешниот играч на Јувентус, Федерико Бернардески, ќе се приклучи на Болоња ова лето.