Спорт
Саутгејт: Со бојкот на СП во Катар ништо нема да се постигне
Англискиот селектор Герет Саутгејт посочува дека тие нема да го бојкотираат Светското првенство во Катар на крајот на 2022 бидејќи со таков потег нема да се „постигне ништо во компликувана ситуација“.
„Албион“ го обезбеди пласманот на мундијалот уште во ноември како првпласирани во својата квалификациска група. Во Англија и во дел од западниот свет има барања репрезентациите да го бојкотираат првенството во Катар поради човековите права во богатата држава на Блискиот Исток, но и поради наводните ужасни услови за работа на имигрантите при изградбата на прекрасните нови стадиони. Саутгејт не се согласува.
„Не знам што би постигнале со бојкот. Тоа би било голема приказна, но турнирот би се одржал и без нас. Најголемиот проблем, кој не е религиозен и културен, беше тоа што се случуваше при изградбата на стадионите и ,за жал, не можеме да направиме ништо. Знаевме осум години дека ќе патуваме во Катар. Дали ова ќе биде став против Катар како земја? Сите сме поврзани, како што можеме да видиме со Русија, со инвестиции во нашата земја. Комплицирано е“, вели Саутгејт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пакета побарал Вест Хем да ја прифати понудата од Фламенго
Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, е на пат да го напушти клубот, објави Гардијан.
Бразилецот го замолил тренерот да не го носи на натпреварот од ФА Купот бидејќи сака да се врати во Бразил. Конкретен интерес за него покажа најбогатиот клуб во Јужна Америка, Фламенго.
Од Бразил во Лондон пристигнала понуда од 40 милиони евра.
Вест Хем не сака да остане без најдобриот играч, во ситуација кога се бори за опстанок во лигата и кога за неговите услуги интерес покажале европски клубови, подготвени да понудат повеќе пари.
Сепак ставот на Пакета е јасен сака да се врати дома, во Фламенго.
Спорт
Галагер се враќа во Премиер лигата?
Конор Галагер би можел да се врати во Премиер лигата оваа зима
Како што откри Матео Морето, Астон Вила тргна во офанзива за неговиот потпис, бидејќи Англичанецот, не е во преден план кај тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Галагер нема ништо против враќање во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Њукасл исто така покажале интерес, но само од Астон Вила покажале конкретен интерес.
Унај Емери не го доби засилувањето што го сакаше во Харви Елиот, кој ќе се врати во Ливерпул, па затоа Шпанецот сака нов играч од средниот ред, со различен профил.
Галагер има искуство во Премиер лигата, играше за Кристал Палас и Челзи, а претходно во кариерата беше дел од Чарлтон, Свонси, Вест Бромвич Албион.
Пред да замине за Шпанија, одигра 136 натпревари во Премиер лигата.
Атлетико Мадрид пред 18 месеци на Челзи му плати 42 милиони евра за Галагер. Се претпоставува дека „јорганџиите“, за него бараат околу 40 милиони евра.
Спорт
Алушовски го презеде Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер има нов тренер. На местото на Рубе Гарабаја, екипата до крајот на сеозната ќе ја предводи, поранешниот играч на овој клуб, Стевче Алушовски.
„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.
Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд“. објави клубот на социјалните мрежи.
Новиот тренер првиот собир го закажа за в среда (14 јануари) во 17:00 часот.
Izvor/ facebook.com/hceurofarmpelister

