Спорт
Се огласи жената на која се жалеше Кирјос: Само сакав да го поддржам
Анита Палус (320, државјанка на Полска, која работи во Лондон, е жената што успеа да го изнервира Ник Кирјос во финалето на Вимблдон.
Немав капа, па температурата дефинитивно имаше ефект. Имав два коктела, не 700. Навистина ми е жал, објасни навивачката, која накратко заврши пред трибините поради изнервирање на финалистот на Вимблдон.
Кирјос го загуби финалето од Новак Ѓоковиќ 4/6, 6/3, 6/4, 7/6. Еден од клучните гемови во мечот беше деветтиот во третиот сет. Кирјос сервира, имаше 40-0 и не успеа да го освои гемот. Малку подоцна Ѓоковиќ поведе со 2-1 во сетови. Гласните коментари на Анита Палус влијаеја Кирјос да го загуби гемот.
„Зарем ова не е голем, важен натпревар? Па, по секој поен, таа ме нервира. Изгледа дека е пијана, сигурно испила 700 пијачки. За волја на бога, направи нешто. Дај ми мир. Таа навистина не треба да биде тука, да разговара со мене на среде гемот“, му рекол Австралиецот на главниот судија Рено Лихтенштајн.
„Немав капа, па температурата дефинитивно имаше ефект. Испив два коктели, а не 700. Навистина ми е жал. Сакав да покажам дека сме тука за Киргиос, сакав да го охрабрам. Сакав да го поддржам. Можеби малку претерав…но имав само добри намери“, изјави Палус за англиските медиуми.
Инаку, откако Кирјос се пожали кај судијата, Палус беше за кратко отстранета од трибините. Таа била зад затворени врати 15 минути за да се „отрезни и хидрира“, по што ѝ било дозволено да се врати на своето место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Покетино си заминува од Челзи
Од Англија пристигнуваат вести дека аргентинскиот тренер Маурисио Покетино ќе го напушти Челзи.
„Сините“ сезоната во Премиер лигата ја завршија на шестото место со 63 бодови.
Со ова изборија пласман во Конференциската лига, што секако не соодветствува со амбициите на клубот.
BREAKING: Mauricio Pochettino is leaving Chelsea as head coach after one season in charge 🚨🔵 pic.twitter.com/8Forlxrsdj
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 21, 2024
Особено по огромните инвестиции кои ги имаше Челзи, а Покетино мораше да го плати цехот.
По завршувањето на сезоната, Аргентинецот имаше средба со челниците на клубот и со заедничка одлука беше решено двете страни да се разделат.
Се уште не е познато кој е во плановите на раководството на Челзи за негов наследник.
Спорт
Хезоња за својата иднина: „Немам идеја“
Кошаркарот на Реал Мадрид, Марио Хезоња изјави дека се уште нема поим што ќе се случува со неговата кариера во иднина.
Договорот на хрватскиот кошаркар со „кралскиот клуб“ истекува на крајот од сезоната, па прашање на сите прашања е дали тој ќе остане во Мадрид.
„Немам идеја. Флорентино Перез ми се заканува секој пат кога ќе ме види во трпезаријата дека морам да останам овде. Се надевам дека е така. Сите работиме да биде така“, изјави Хезоња за Ел Мундо.
Грчките медиуми го поврзаа со Панатинаикос, а има навестувања и за други потенцијални дестинации за најдобриот стрелец на Реал.
Хезоња сезонава имаше просек од 13,7 поени и 4,4 скока на 36 натпревари во Евролигата.
Хезоња и Реал во петок се соочуваат со фајналфорот во Евролигата, а во полуфиналето во Берлин ќе играат против Олимпијакос, што ќе биде реприза на ланското финале во кое подобри беа избраниците на Чус Матео.
Спорт
Англија со најголемите ѕвезди ќе настапи на ЕУРО 2024
Селекторот на Англија, герет Саутгејт го објави спискот на фудбалери за ЕУРО 2024. На спискот има 33. фудбалери, што значи дека до почетокот на првенството ќе седуммина од кои еден сигурно ќе биде голман.
На ЕП нема да патува долгогодишниот член на националниот тим, Џордан Хендерсон.
Списокот на Саутгејт:
Голмани: Дин Хендерсон, Џордан Пикфорд, Арон Рамсдејл, Џејмс Трафорд
Одбрана: Џеред Брантвајт, Луис Данк, Џо Гомез, Марк Гуеи, Езри Конса, Хари Мегваер, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипиер, Кајл Вокер.
Среден ред: Трент Александар-Арнолд, Конор Галагер, Кертис Џонс, Коби Мајно, Деклан Рајс, Адам Вартон, Џерод Боувен
Напад: Џуд Белингем, Џерод Бовен, Еберечи Езе, Фил Фоден, Џек Гралиш, Ентони Гордон, Хари Кејн, Џејмс Медисон, Кол Палмер, Букајо Сака, Ајван Тони, Оли Воткинс.
Англија на ЕП е во Ц групата заедно со Данска, Словенија и Србија.