Спорт
Се појави снимка од „обидот за силување“ на Нејмар, некој го мести? (видео)
Бразилката Нахила Триндад (26) се појавила на бразилската телевизија и ја раскажала својата верзија од случувањата во хотелската соба во Париз во врска со наводното силување кое врз неа го извршил играчот на ПСЖ, Нејмар.
Нахила и понатаму стои на тврдењето дека фудбалерот ја силувал, а претходно најави дека ќе објави видео снимка која тоа ќе го докаже.
Видеото се појави во јавност, но на него се гледа само како девојката го удира Нејмар, а тој се брани со нозе.
Нахила за бразилските медиуми рекла дека камерата била поставена во тоалетот од хотелската соба, а на снимката најпрво се слуша само како некој некого удира, по што таа го удира Бразилецот, а тој се обидува да се одбрани.
Погледнете:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Новото бразилско чудо има клаузула за откуп од 80 милиони евра
Рајан (19) е несомнено едно од најголемите откритија на бразилскиот фудбал во 2025 година. Овој деветнаесетгодишен напаѓач на Васко да Гама особено блесна во последната сезона, каде што речиси сам му ја донесе на својот клуб титулата во Купот против Коринтијанс.
Неговите извонредни настапи го привлекоа вниманието на европските гиганти како Баерн, а рускиот Зенит веќе испрати конкретна понуда од 31 милион евра. Сепак, во Васко не размислуваат да го продадат за помалку од 50 милиони евра.
Раководството на клубот од Рио де Жанеиро е решено да не ја пушти својата млада ѕвезда за помала сума од наваедената. За да се осигурат од предвремено заминување, само пред неколку дена го продолжија договорот на Рајан до 2028 година и ја зголемија откупната клаузула на 80 милиони евра.
Со овој потег, тие успеаја да ги одбијат сите заинтересирани страни досега. Во Васко се надеваат на рекордна продажба што би обезбедила финансиска стабилност и би ги зголемила амбициите на клубот во 2026 година.
Досега, најскапиот трансфер на клубот во заминување беше оној на Паулињо во Баер Леверкузен за 18,5 милиони евра, додека Андреј Сантос беше продаден на Челзи за 12,5 милиони. Продажбата на Рајан би ги надминала тие износи многу пати.
Рајан имаше прекрасна сезона. Со пет гола, тој беше најдобар стрелец во Купот на Бразил, а во првенството (Brasileirão) постигна 14 гола. Пред него на листата на стрелци беа само докажани играчи како Витор Роке, Де Араскаета и Каи Хорхе, што многу зборува за неговиот настап.
Годината започна одлично за Рајан, го освои Јужноамериканското првенство до 20 години со Бразил, каде што постигна два гола.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мареска: Делап и Естевао се подготвени за натпреварот против Астон Вила
Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, изјави дека играчите на неговиот тим, Лиам Делап и Естевао, ќе бидат подготвени за претстојниот натпревар од 18-то коло од Премиер лигата против Астон Вила.
„Естевао се врати и ќе биде достапен за натпреварот во сабота. Исто така и Делап. Двајцата играчи се вратија во тимот“, изјави Мареска на прес-конференција.
Делап го повреди рамото на 6. декември на натпреварот против Борнмут (0:0).
Мареска рече дека Кол Палмер, кој неодамна се врати во тимот откако се мачеше со повреди на препоните и прстите, е подготвен да ги одигра сите 90 минути.
„Мислам дека Кол е подготвен да игра 90 минути. Играше еден час против Евертон, а потоа играше повеќе од 70 минути против Њукасл. Се чувствува добро и мислам дека сега би можел да ги игра сите 90 минути.“
Натпреварот помеѓу Челзи и Астон Вила ќе се игра во сабота во 18:30 часот во Лондон.
„Ќе биде многу тежок натпревар, ќе мора да бидеме во најдобра форма, бидејќи Астон Вила игра многу добро. Тие имаат јасен начин на игра и се многу организирани и со и без топка. Полни се со самодоверба, но ние играме дома и ќе се обидеме да освоиме три бода“, рече Мареска.
Астон Вила е на третото место на табелата во Премиер лигата со 36 бода, додека Челзи е на четвртата позиција со 29.
Foto/ depositphotos
Спорт
Првиот човек од Фенер во притвор, наводно консумирал дрога
Веста на денот во Турција е дека првиот човек на фудбалскиот и кошаркарскиот клуб Фенербахче, познатиот бизнисмен Садетин Саран, е во притвор поради наводна консумација на дрога.
Минатата недела турските власти започнаа голема истрага што е дел од широка операција поврзана со употребата на наркотици меѓу познати личности во оваа земја: уметници, таканаречени „инфлуенсери“, луѓе од деловниот свет…
Голем број луѓе беа приведени, меѓу кои и 61-годишниот Саран, кој го презеде управувањето со истанбулскиот гигант пред само неколку месеци.
Медиумите не наведуваат за каков вид дрога станува збор, но се претпоставува дека Саран користел кокаин.
Овој бизнисмен, кој има турско и американско државјанство, е сопственик на „Саран Холдинг“, компанија основана во 1990 година и поседува брендови од областа на медиумите, издаваштвото, туризмот, како и од секторот за обложување.
„Саран Медиа“ има право на 65% од спортските преноси во Турција, меѓу другите од Премиер лигата, Ла Лига, Серија А.
Саран негираше каква било употреба на дрога.
„Никогаш во животот не сум ја земал супстанцата за која наводно сум позитивен на тестот. Не само што никогаш не сум ја користел, туку никогаш не сум ја видел во животот.“
Овие обвинувања се дел од кампањата што се води против мене, со цел уништување на институциите што ги претставувам“, рече тој во изјава објавена на социјалните мрежи.

