Спорт
Се разделија Икарди и Ванда Нара
Ванда Нара и Мауро Икарди се разделија по осум години брак. Менаџерката ова на јавноста ѝ го соопшти преку социјалните мрежи. Икарди и Нара имаат две ќерки.
„Многу ми е болно да го живеам овој момент, но со оглед на мојата експонираност и работите што ги надминуваат медиумските шпекулации, подобро е да дознаат од мене. Немам што повеќе да појаснам и нема да откривам никакви детали за разделбата. Ве молам, ве молам, разберете, не само за мене, туку и за нашите деца“, напишала Ванда.
Уште во октомври минатата година избувана скандал кога Ванда го обвини Икарди за неверство поради што привремено ја прекинаа врската, но подоцна се смирија и продолжија со заедничкиот живот.
Причина за кавгата меѓу познатиот аргентински пар била аргентинската актерка Чина Суарез. Тогаш се чинеше дека бракот целосно пропадна, но тие продолжија да живеат заедно, а сега изгледа дека сè е готово.
Сето ова доаѓа неколку недели откако Икарди го напушти ПСЖ за да потпише за Галатасарај. Сопругата на Икарди, Ванда, беше негов менаџер и се грижеше за неговата кариера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

