Контакт

Спорт

Се разделија Влахо и Работнички

Објавено пред

Александар Влахо поднесе оставка на позицијата шеф на стручниот штаб во ФК Работнички. По 11 месеци на кормилото на сениорскиот тим, тој одлучи да се повлече по резултатите во последните неколку кола.

„По долго размислување, а со цел да се извлече заедничко добро и за мене и за тимот, донесов одлука да се повлечам од позицијата шеф на стручниот штаб на Работнички. Поминав прекрасни 11 месеци во клубот, чиј пријател и голем навивач ќе останам и во иднина. Сега е време да се посветам на мојот следен проект кој го подготвувам подолг период. Би сакал да се заблагодарам за одличната соработка и за поддршката на раководството на ФК Работнички, сите мои соработници и пред се на фудбалерите. Им посакувам добро здравје и успеси во иднина и искрено се надевам дека Работнички ќе успее да го најде патот за враќање на европската сцена“, изјави Александар Влахо.

ФК Работнички му се заблагодарува на Александар Влахо за посветената работа и за максимално вложениот труд.

„Би сакал да му се заблагодарам на Александар Влахо за посветеноста и напорната работа во ФК Работнички. Клубот му посакува се најдобро во понатамошната кариера. Во наредните денови ќе биде назначен нов шеф на стручниот штаб“, изјави претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски.

Работнички е шести клуб кој го смени тренерот од почетокот на сезоната. Претходно тоа го направија Шкендија, Македонија ЃП, Тиквеш, Борец и Пелистер.

„Романтичарите“, по 13.кола се наоѓаат на седмото место на табелата со 18 бода, 11 помалку од водечкиот Шкупи 1927.

Извор/ fkrabotnicki.com



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Меси ги налути Баварците, цехот ќе го плати Барселона

Објавено пред

Томас Милер е разочаран од конечниот распоред за Златната топка. Во понеделникот, наградата му пропадна на Лионел Меси, пред соиграчот на Милер, Роберт Левендовски.

„За Баварија, Полска и цела Германија доделувањето на Златната топка е целосно разочарување“, напишал Милер на социјалните мрежи.

„И покрај тоа што долго го работам ова и што не би требало да бидам изненаден од конечниот исход (слично беше и со Франк Рибери во 2013 година), изборот врз мене остави силен впечаток. Во Бундес лигата имаме одлични фудбалери и не треба да се криеме. За да ги признае светот нашите резултати треба да оствариме повеќе успеси на меѓународно ниво. Прва шанса ни е натпреварот во Лигата на шампионите против Барселона. Одиме!“, истакнал Милер.

Прикажи повеќе...

Спорт

Грилиш: Бев на чекор до трансфер во Манчестер јунајтед

Објавено пред

Џек Грилиш, фудбалерот на Манчестер сити, во интервју за „Дејли телеграф“, открил дека во летниот преоден рок во 2020 година бил на чекор до трансфер во Манчестер јунајтед.

„На крајот ништо не се случи, а бев блиску да заминам“, рекол Грилиш и дополнил.

„Беше сабота и игравме контролен натпревар со Јунајтед. Јас не требаше да играм за да можам да го играм куп натпреварот во Бартон. Но бидејќи ништо конкретно не се случи, по тој натпревар на извршниот директор на Астон Вила, Криситијан Перслоу, му кажав: „Ако сега не заминам, ќе потпишам нов договор со Вила“.

Грилиш два дена подоцна го продолжи договорот со Астон Вила.

„Два дена подоцна о моето куче влегов во клупските простории и го потпишав договорот, а подоцна играв за Астон Вила. Сите се согласивме околу клаузулата, доколку некој тим ја плати тоа значи дека сме победиле, дека јас сум имал одлична сезона, а Вила заработиле 100 милиони фунти“, заклучил Грилиш.

Минатото лето, Манчестер сити ја активираше клаузулата од договорот и Грилиш се пресели на „Етихад“.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Барселона го допре дното кога си замина Меси“

Објавено пред

Дани Алвес, пред две недели се врати во Барселона. 38-годишниот фудбалер истакнал дека го прифатил повикот за да му помогне на клубот. Враќањето на Алвеш го одобри новиот тренер Чави. Овие двајца се дел од најславната екипа во историјата на Барселона.

„Веста дека Меси ќе замине од клубот како и сите навивачи на Барселона ја чекав со неизвесност. Кога гледаш дека најдобриот играч во историјата на клубот заминува, тогаш ти станува јасно дека клубот го допрел дното. Можеш да останеш без фудбалер каков што сум јас или без некои други, но во овој случај замина историјата на клубот. Поради тоа јас и Чеви решивме да се вратиме и да бидеме дел од историјата на Барселона“, рекол Алвеш.

Бразилецот за Барселона има одиграно 391 натпревар, во Европа играл уште и за Севилја, Јувентус и ПСЖ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Гаши пред средбата со Заев рече дека нема да разговараат за кадровски решенија

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, прв дојде на денешната лидерска средба со Зоран Заев. Без никакви детали околу тоа што...

Македонија1 час

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија2 часа

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Македонија3 часа

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Македонија4 часа

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од...

Свет5 часа

Eксперти: Новиот сој на коронавирус омикрон може да биде најава за крај на пандемијата

Новиот сој на коронавирус омикрон е откриен во Јужна Африка, а потоа следат повеќе информации од оваа земја во кои...

Македонија5 часа

Утрово два земјотреса во Кичево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија6 часа

Стартува забраната за бесплатни пластични кеси

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси ќе чинат 15 денари за...

Европа6 часа

Со третата доза на „Фајзер“ над 80 проценти заштита од коронавирус

Третата доза од вакцината против коронавирус на „Фајзер“ го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или многу повеќе...

Македонија18 часа

Парична награда за матичните лекари ако имаат 70% вакцинирани пациенти

Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од Ковид-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата...

Македонија19 часа

Пријава за напад во МНТ – блокирани улици во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи не кажува дали има дојава за бомба во Македонскиот народен театар, но потврдуваат дека полицајци се...

Регион20 часа

Убиство во Сплит: Вработена во продавница убиена со нож, напаѓачот уапсен

Маж нападнал жена со нож додека таа била на своето работно место во продавница во Сплит. Жената починала во болница,...

Свет20 часа

Тедрос: Мерките не се неопходни, неправедно се казнуваат африканските земји

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази загриженост дека некои земји воведуваат општи ограничувања против ширењето на варијантата на коронавирус...

Македонија22 часа

Уште 43 Авганистанци си заминаа од Македонија

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета...

Македонија23 часа

460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на...

Топ24 часа

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 29 ноември...

Македонија1 ден

Бугарската министерка Комитова: Патот „Струма“ има недостатоци, но тие не се причина за пожарот во автобусот

Заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите што важеле во 2002 година кога се реконструирал патот, а денеска...

Европа1 ден

ЕМА: Вакцини против омикрон може да се одобрат за три месеци

Европскиот медицински регулатор денеска објави дека може да одобри вакцини приспособени за заштита од омикрон-варијантата на коронавирусот за три до...

Европа1 ден

(Видео) Австрискиот државен врв затекнат на журка, без маски, најавени кривични пријави

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, за забава по учеството во...

Регион1 ден

Грција со казни за невакцинираните, 100 евра ќе платат повозрасните што не примиле ниту една доза

Грција денеска соопшти дека со 100 евра ќе ги казни лицата на возраст од 60 години, како и постарите што...

Досие