Спорт
Се снајде! Со помош на кондом до злато и бронза на Олимпијадата
Австралиската кануистка Џес Фокс успеа да стигне до златниот медал во Ц1 кану на диви води за да го додаде на бронзениот медал во К1 за вкупно да стигне до четири олимписки медали во кариерата (1 злато, 1 сребро и 2 бронзи), а за тоа ѝ беше потребна мала помош – кондом, што го делат олимписките организатори.
Таа на „Инстаграм“ се пофали дека го поправила својот кајак со кондомот пред да го освои бронзениот медал.
„Се обложувам дека не знаевте оти кондомите може да се користат за поправка на кајак. Се тегнат, силни се“, вели 27-годишната Австралијка на инстаграм-видеото.
Таа беше блиску до златото во финалето во кајак, но ја удри последната врата и доби временска казна пред денеска да го освои своето прво олимписко злато.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Распадори го чекаа во Рим, тој го одбра Бергамо
По Конор Галагер уште еден играч си замина од Атлетико Мадрид. Џакомо Распадори по само шест месеци, минати во Мадрид, реши да се врати во Италија.
Со денови се шпекулираше дека Џакомо Распадори ќе стане нов играч на Рома, но наместо во Рим, тој пристигна во Бергамо.
Како што потврдија бројни извори, луѓето од Аталанта доцна синоќа отвориле конкретни преговори и успеале да се договорат со Атлетико. Сумата која ќе ја плати Аталанта не е позната, но се претпоставува дека трансферот изнесува околу 20 милиони евра.
Распадори минатото лето пристигна во Атлетико Мадрид од Наполи за 22 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, бидејќи постигна два гола и имаше три асистенции на 15 натпревари во сите натпреварувања.
Диего Симеоне одлучи да го продаде, а Распадори сакаше да се врати во својата татковина и на крајот ја избра, Аталанта.Италијанските медиуми тврдат дека доаѓањето на Распадори значи дека Адемола Лукман ќе замине од клубот. Интерес за него покажуваат турските великани Галатасарај и Фенербахче.
Распадори сакаше да го засили тимот во кој ќе има минутажа, бидејќи сака да се наметне кај селекторот Џенаро Гатузо пред Светското првенство во 2026 година, секако доколку Италија преку баражот избори пласман.
Foto/ depositphotos
Спорт
Бентанкур ќе отсуствува три месеци
Фудбалерот на Тотенхем и репрезентативец на Уругвај, Родриго Бентанкур, ќе биде надвор од терените најмалку три месеци поради операција на тетивата, објави Би-Би-Си.
Британските медиуми потсетуваат дека играчот на Тотенхем се повреди на 7 јануари во натпреварот од 21-то коло од Премиер лигата против Борнмут (2:3).
Бентанкур (28) одигра 28 натпревари за Тотенхем во сите натпреварувања оваа сезона.
Тој е член на Тотенхем од јануари 2022 година, а пред тоа играше за Јувентус и Бока Јуниорс.
Тотенхем има проблеми со повредите на играчите, бидејќи Дејан Кулушевски, Џејмс Медисон и Мохамед Кудс се надвор од теренот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алонсо си заминал поради расправија со тројца клучни играчи
Чаби Алонсо, од вчера, не е тренер на Реал Мадрид. Во соопштение, Реал, објави дека клубот и тренерот спогодбено се разделиле. Чаби Алонсо отказот ќе го наплати со 15 милиони евра. Наспроти ова, британски „Атлетик“, пишува дека Алонсо заминал поради несогласувањата со клучните играчи, Винисиус Жуниор, Федерико Валверде и Џуд Белингам.
Алонсо имаше успешен старт, со 17 победи во првите 20 натпревари, но резултатите, а со тоа и атмосферата во тимот се влошија во последните два месеци. Тројцата влијателни фудбалери имале проблем со тактичкиот пристап и стилот на лидерство на Алонско.
Се вели дека проблемите започнале за време на натпреварот против Барселона во октомври 2025 година.
И покрај победата, Алонсо имаше непријатна сцена со Винисиус откако го замени. Бразилскиот напаѓач беше незадоволен од промената и одби да се ракува со тренерот. Бидејќи клубот не презеде дисциплинска мерка против играчот, Алонсо наводно почувствувал дека ја губи контролата и дека нема поддршка од клупските челници.
Федерико Валверде и Џуд Белингам, исто така имале проблем со начнот на кој Алонсо го води тимот и со неговите татктички замисли.
Белингам, по одличната прва сезона во 2023/24 и значајните улоги минатата сезона, никако не може да се врати во вистинската форма оваа сезона. Кај Алонсо, Англичанецот немаше гарантирано место во тимот, статус што го имаше кај Карло Анчелоти.
Валверде, од друга страна, поради неговата разноврсност, често играше на различни позиции, што го оддалечи од неговата претпочитана улога во средниот ред. И тој често на тренинзите влегувал во расправии со Алонсо, поради неговите тактички замисли.

