Спорт
Сега е херој, а минатата година сакаа да му го вратат украдениот автомобил само за да си замине
Лучано Спалети со златни букви се запиша во историјата на Наполи. Со своите играчи тој по 33 години ја врати титулата во Неапол. Има многу иронија во овој успех на Спалети, пред само една години навивачите на Наполи бараа тој да го напушти клубот.
Пред една година, Спалети беше наомразениот човек во граот под Везув. Навивачите на Наполи тогаш бизарен начин од него побараа да поднесе оставка.
Како замена за неговото заминување, му го понудиле и неговиот автомобил украден пред хотелот еден месец претходно. На транспарентот што се појави пред стадионот во таа навивачка акција во Неапол беше испишан датумот на кражбата на автомобилот „Фиат Панда“ и пораката: „Спалети, ќе ти ја вратиме твојата Панда… ако си заминеш!“ На потписот под пораката пишувало „крадци“.
Една година подоцна Спалети е херојот на Неапол.
„Кога гледам дека навивачите се насмеани и полни со радост, тоа е најголема емоција за мене. Ова е за вас. Вие ја пренесува среќата. Проблемот во сето ова е што зад нас стои напорна работа и не можеме целосно да уживаме во победите. Секогаш постои нешто што треба да се направи. Но, и покрај тоа, чувствуваме голема радост. Сега се чувствувам малку поопуштено кога им ја подаривме оваа радост на навивачите. Го гледаа како игра Диего Марадона, можеби ја почувствуваа и неговата поддршка“, изјави Спалети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сунес: Салах е најсебичниот играч што некогаш сум го видел
Греем Сунес, легендата на Ливерпул, кој со клубот од Енфилд освои пет титули во англиското првенство и три европски купа, го нарече Мохамед Салах најсебичниот играч што некогаш го видел.
Салах пристигна во Ливерпул во трансфер од Рома во 2017 година, тој одигра 346 натпревари за клубот, постигна 210 голови и забележа 88 асистенции.
Сонес верува и дека Салах наскоро ќе го напушти „Енфилд“.
„Мислам дека Мохамед Салах ќе го напушти Ливерпул. Беше одличен и ако замине во Саудиска Арабија ќе стане најголемата ѕвезда таму. Има многу високо мислење за себе и беше лут што не го започна натпреварот против Вест Хем. Тој е најсебичниот играч што некогаш сум го видел.“
Спорт
Шумахер најавува пропаст на Ред Бул
Ралф Шумахер (48) смета дека заминувањето на Адријан Њуи од Ред Бул е значаен момент за Формула 1. Поранешниот Ф1 возач смета дека ова е позначајно дури и од трансферот на Луис Хамилтон од Мерцедес во Ферари.
Пред два дена Ред Бул објави дека спогодбено ќе се раздели со најдобриот дизајнер во Ф1. Шпекулациите велат дека Њуи би можел да му се придружи на сонародникот Хамилтон во Ферари следната сезона.
Дури и да не се случи тоа, Ралф Шумахер е убеден дека без врвниот дизајнер, Ред Бул ќе стане просечен тим.
Помладиот брат на еден од најголемите возачи на сите времиња, Михаел Шумахер, кој и самиот имаше солидна кариера во Формула 1 (182 трки, 27 подиуми, 6 пол-позиции, 6 победи) отиде чекор понатаму и објави дека Њуи е само првиот во низата клучни луѓе на тимот на Ред Бул кои наскоро ќе ја напуштат базата во Милтон Кејнс.
„Да, тоа е факт и повеќе луѓе ќе си заминат“, одговори Шумахер на прашањето за организациската криза во најдоминантниот тим на првенството.
„Тоа е јавна тајна, но во реалноста сè започнува од фактот дека Кристијан Хорнер верува дека не му треба ниту еден од тие луѓе и дека најдобро знае како треба да изгледа Ф1 тим. Конечно, ја има целосната поддршка од тајландските инвеститори“, изјави Германецот, а пренесува шпанска „Марка“.
Спорт
Алкараз го откажа настапот на Мастерсот во Рим
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз поради повреда нема да настапи на Мастерсот во Рим.
Третиот тенисер во светот има прблем со десната подлактица, но и покрај тоа реши да игра на Мастерсот во Мадрид каде не успеа да ја одбрани титулата, во четвртфиналето дожиева пораз од Андреј Рубљов.
„Почувствував болка на турнирот во Мадрид, непријатност во раката. Денеска направив прегледи и имам оток на мускулот на подлактицата, што е резултат на претходна повреда. За жал, не можам да играм во Рим, морам да почнам со рехабилитација за да играме 100 отсто без болка“, напиша Алкарас на социјалната мрежа „Икс“.
Алкарас во краток период се откажа од три турнири. За еден месец се откажа од Монте Карло, Барселона и сега од Рим.