Спорт
СЕХА: Нексе го „сопна“ Вардар, сега се втори во групата

Хрватскиот преставник во групата Б од регионалната СЕХА лига, Нексе од Нашице, попладнево со 36-32 славеше против македонскиот преставник Вардар 1961.
Во меч кој две третини беше комплетно израмнет, домашните ракометари беа посвежи и поконцентрирани во последната четвртина од дуелот, па бодовите одат на контото на екипата која сега е второпласирана на табелата.
На почетокот Нексе имаше перфектен старт, поведе со 5-0. За краток период избраниците на Стевче Алушевски се вратија во игра, па на семафорот стоеше 5-5.
Нексе со серија од три гола дојде до предност од 8-5, но Вардар повторно покажа квалитет и направи пресврт на резултатот, 9-10.
До крајот на полувремето ниту една од екипите немаше предност поголема од еден гол, па на полувреме се отиде со резултат 15-14 за домашниот тим.
И второто полувреме започна исто онака како што заврши првиот дел. Двете екипи се менуваа во водството се до средината на полувремето кога на семафорот стоеше резултат 22-22.
Оттогаш Нексе „додаде гас“, Вардар беше инфериорен, па за краток период домашниот тим ја врати предноста од +5 од стартот на мечот, 28-23.
Вардар не успеа да ги консолидира редовите за втор пораз во четвртиот меч од групната фаза со резултат 36-32.
За Нексе ова беше трет триумф во петтиот натпревар.
Во победничката екипа најефикасни беа Кевиќ и Јагањац со по 8 гола, а голманот Морено Цар собра 16 одбрани.
Кај Вардар најпрецизен беше Дибиров со 9 гола, додека Гаџа мечот го заврши со 6 гола.
Неприкосновен на чело на табелата во групата Б од СЕХА лигата е тимот на Мотор Запорожје со 3 победи по исто толку натпревари, а на дното на групата е Војводина со 4 порази на исто толку меча.
Во последното коло од групната фаза Вардар гостува кај Војводина, но пред тоа треба да го одиграат одложениот дуел со Мотор Запорожје во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар го победи Металург

Вардар го победи Металург, во Атокоманда, со 31:27, во дербито на коло во домашното првенство. Актуелните шампиони, со максимални седум победи, го завршија првиот дел од шампионатот. Металург, во првите седум кола победија само еднаш, имаат две нерешни средби и четири порази.
Металург, имаше сили да му се спротивстави на фаворитот само во првото полувреме. Тимот од Автокоманда, имаше предност од три гола, 14:11, во 27.минута. Сепак на одмор тимовите заминаа израмнети (15:15).
Во вториот дел, Вардар максимално ја искористи поголемата ротација. Во 42.минута, Вардар водеше 19:23, Металург се доближи на гол негатива, а овој налет на домаќинот го одбија Дибиров, Чупиќ и Калараш.
На крајот заслужена победа на „црвено-црните“ 31:27.
Најефикасни играчи на натпреварот беа хрватските репрезентативци Иван Чупиќ (Вардар) и Златко Хорват (Металург) со по седум гола.
Фото: Денис Дуковски/РК Вардар1961
Спорт
Флик потврди дека го напушта Баерн

Фудбалерите на Баерн, со денешната победа во Волфсбург (2:3), направија голем чекор кон одбраната на шампионската титула. По мечот тренерот Ханс-Дитер Флик објави дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
„Би сакал да ја раскинам соработката по завршувањето на сезоната. Тоа е факт, ми беше важно јас ова да им го соопштам на играчите“, рекол Флик.
Тренерот кој минатата сезона, со Баерн ја освои Лигата на шампионите, не сакал да открие зошто донел ваква одлука. Се шпекулира дека Флик сака да ја преземе репрезентацијата на Германија.
Исто така, медиумите претпоставуваат, дека одлуката да замине од Баерн, ја донел и поради несогласувањата што ги има со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
Ханс-Дитер Флик, стана тренер на Баерн во ноември 2019 година. На клупата, на славниот клуб, седна на местото на Нико Ковач.
Флик, досега го предводел Баерн на 81 натпревар, забележал 67 победи, само шест порази, а осум пати под палката на Флик, Баерн одиграл нерешено.
Спорт
УЕФА во понеделник ќе ја претстави новата Лига на шампиони

УЕФА, во понеделник, официјално ќе го претстави редизајнот на Лигата на шампионите. Елитното натпреварување, во новиот формат, ќе започне да се игра од сезоната 2024/2025.
Изминатите неколку години, УЕФА со најбогатите европски клубови преговараше околу измените на форматот, стравувајќи дека тие ќе се отцепат и ќе формираат своја лига. Клубовите бараа да играат повеќе натпревари, за да добиваат повеќе пари и на крајот УЕФА попушти пред заканите и барањата.
За УЕФА е најважно што не дозволи богатите европски клубови сами да си организираат своја лига.
Од сезоната 2024/2025 ќе се игра една лига со 36 екипи. Според актуелниот систем, во Лигата на шампионите се натпреваруваат 32 екипи, поделени во осум групи. Клубовите пред почетокот на сезоната 2024/2025 ќе бидат поделени во четири квалитативни групи. Секој клуб ќе одигра по 10 натпревари, со различни противници од четирите квалитативни групи.
Првите осум клуба на табелата, по 10 одиграни натпревари, ќе изборат пласман во осмина-финалето, а клубовите пласирани од 9. до 24. место ќе играат плеј-оф за пласман во осмина-финалето. Сезоната ќе ја завршат најлошите 12 клуба.
Првата фаза е предвидено да се игра од септември до јануари. Натпревари во новата Лига на шампиони покрај во вторник и среда ќе се играат и во четврток.
Во првата фаза, дневно ќе се играат по 18 натпревари, наместо досегашните 16, а вкупно ќе се одиграат 108, наместо досегашните 96 натпревари. Според актуелниот формат, во една сезона во ЛШ се играат 125 натпревари, а според новиот формат ќе се 225 натпревари (180 во првата фаза, 16 во плејофот и 29 во нокаут фазата).
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш