Спорт
Сејдини: Ако не се договориме со Ангеловски, нов селектор ќе биде Милевски

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, во интервју за телевизијата „Алсат“, потврдил дека по Нова година ќе разговара со актуелниот селектор Игор Ангеловски, околу новиот договор и која е алтернативата доколку тој не ја продолжи соработката со ФФМ.
„Прво ќе разговараме со Ангеловски, а потоа ќе одиме со други варијанти. Ако не се согласиме, мислам дека цела јавност знае кој ќе биде селектор, ако не се договориме со Ангеловски“, истакна Сејдини.
Алтернативата ќе биде селекторот на У-21 репрезентацијата, Благоја Милевски. Поранешниот тренер на Вардар со оваа репрезентација во 2017 година играше на ЕП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
РФМ и Данило Брестовац спогодбено се разделија

Данило Брестовац повеќе не е селектор на ракоемтната репрезенатција на Македонија. Селекторот и Ракометната федерација на Македонија (РФМ) договориле спогодбен раскин на договорот.
„Ракометната федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори“, стои во соопштението што го објави РФМ на својата интернет страница.
Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година.
Брестовац ја предводеше Македонија на две големи натпреварувања, на Европското првенство во 2020 година, не успеа да ја мине фазата по групи, го освои 15.место, додека на Светското првенство кое се уште е во тек, заврши на 23.позиција.
Фото/macedoniahandball.com.mk
Спорт
Пикси ќе ги предводи Србите за 1.000.000 евра годишно

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), деновиве, треба да го назначи Драган Стојковиќ-Пикси за нов селектор на националниот тим. „Вечерње Новости“, објавија дека Пикси постигнал договор со ФСС и дека ќе стане селектор за годишна плата од 1.000.000 евра.
Србија е без селектор од декември минатата година, кога ФСС се разделија со Љубиша Тумбаковиќ, кој не успеа да избори пласман на Европското првенство.
Србите во март ќе ги започнат квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. На стартот тие имаат три тешки натпревари, против Ирска (24.март) и Португалија (27.март) во Белград и Азербејџан во Баку на 30.март.
Спорт
Јаневски ќе го предводи Олимпијакос од Никозија

Поранешниот македонски селектор, Чедомир Јаневски, повторно ќе работи на Кипар, тој договорил соработка со Олимпијакос од Никозија. Јаневски во минатото, во оваа земја, бил тренер на Енозис и Етникос.
Според кипарските медуми, Јаневски, официјално ќе го преземе Олимпијакос на 5.февруари.
Олимпијакос, во лигата во која се натпреваруваат 14 екипи, по 21 рунда се наоѓа на деветтото место со 24 поени. Новиот тим на Јаневски доживеа порази на последните пет натпревари.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот