Спорт
Сејдини: Оваа Македонија е родена за големи нешта (ВИДЕО)

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, со видеопорака од Палермо се обрати до сите македонски граѓани. Порача да веруваат во силата на фудбалскиот национален тим затоа што нивната храброст и одлучност досега покажа дека Македонија е способна за големи дела.
„Драги наши, оваа репрезентација и овие момци ги красат карактер и заедништво. Тие веќе покажаа дека се родени за големи работи. Веруваат во себе и знам дека ќе дадат сѐ од себе да го остварат сонот за пласман на Светското првенство. Благодарност до сите навивачи што дојдоа да ја бодрат нашата репрезентација. Уживајте во натпреварот“, изјави Сејдини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барнс ја предводи најдобрата руки петорка

НБА го објави тимот на најдобрите дебитанти во сезоната 2021/22. Во најдобрата руки петорка се: Скоти Барнс (Торонто), Кејд Канингем (Детроит), Еван Моби (Кливленд), Франц Вагнер (Орландо) и Џејлен Грин (Хјустон).
Првите тројца ги добија сите 100 можни гласови, а изборот на најдобрите дебитанти не е позициски условен, како што е случајот кога се доделуваат други награди.
Барнс официјално ја освои титулата дебитант на годината и е првиот играч на Торонто што го направил тоа по Винс Картер во 1998 година – оваа сезона тој имаше просек од 15,3 поени и 7,5 скока.
Играјќи за Детроит, Канингем постигна 17,4 поени, 5,6 асистенции и 5,5 скока по натпревар и стана шестиот дебитант во историјата кој имал најмалку 20 поени и по пет скока и асистенции пред Ол-стар викендот.
Пред него тоа успеаја само Лука Дончиќ, Стеф Кари, Леброн Џејмс, Грант Хил и Мајкл Џордан.
Мобли е еден од само четворицата играчи кои успеале да забележат најмалку 100 блокади и 50 украдени топки. Во дресот на Кливленд имаше просек од 15 поени и фаќаше 8,3 топки по натпревар.
Вагнер е првиот играч на Орландо кој е избран во најдобриот руки тим по 2015 година, кога Елфрид Пејтон беше награден за добрите игри. Германецот во просек за Меџик бележеше 15,2 поени, 4,5 скока и 2,9 асистенции.
Грин имаше просек од 17,3 поени за Хјустон – само Канингем беше подобар од сите новајлии.
Во втората руки петорка се најдоа Херб Џонс (Њу Орлеанс), Џош Гиди (Оклахома Сити), Боунс Хајленд (Денвер), Ејо Досунму (Чикаго) и Крис Дуарте (Индијана).
Спорт
Ефес или Олимпијакос, Реал или Барселона?

Завршниот турнир во кошаркарската Евролига ќе почне денес во Белград. На програмата се полуфиналните натпревари, Ефес-Олимпијакос (18 ч.) и Реал-Барселона (21 ч.). Финалниот меч ќе се одигра в сабота.
Првото полуфинале ќе го игра актуелниот шампион Ефес против Олимпијакос. Турскиот тим во лигата играше со премногу осцилации и падови и тоа е причината што сезоната ја заврши на седмото место. Грчкиот тим, регуларниот дел од сезоната го заврши на второто место, веднаш зад Барса и во неколку наврати покажа дека не е за потценување.
На двата претходни натпревари славеше домашната екипа. Прво Ефес во Истанбул во ноември (88:69), а потоа во Пиреја по продолженијата Олимпијакос дојде до триумф (87:85). Ова ќе биде 45. дуел помеѓу Ефес и Олимпијакос, засега е нерешено (22:22).
Гледајќи ја тимската статистика, Ефес е нешто подобар офанзивно (81,7 наспроти 80,4) поени по натпревар), додека Олимпијакос е значително подобар во дефанзивата (80,3 поени наспроти 85,1 поени).
Лидерите на двете страни се познати. На едната се најдобрите стрелци во Европа, Василије Мициќ и Шејн Ларкин, заедно со Крунослав Симон, на другата Костас Слукас и членот на идеалната петорка Саша Везенков со прекалениот Јоргос Принтезис.
Вака изгледа статистиката на лидерите – Мициќ (18,2, 4,6 асистенции, 2,6 скока), Ларкин (14,6, 5,3 асистенции и 3 скока), Симон (6,9, 2,8 скока, 2,6 асистенции), а од друга страна Слукас (11,9, 4,9 асистенции, 2,6 скока), Везенков (13,7, 5,8 скока, 1,5 аситенции), Принтезис (3,7, 1,3 скока).
На „Ел Класико“ не му треба посебна најава. Дуелите на Реал и Барса секогаш се жестоки без разлика дали се од натпреварувачки или пријателски карактер.
Во регуларниот дел од сезоната Барселона ги доби двата натпревари. Прво во декември дома (93:80), потоа во февруари во Мадрид (86:68). Тоа секако ќе биде мотив повеќе за „кралскиот клуб“ кој на крилата на Лука Дончиќ ја освои титулата во Белград во 2018 година. Словенецот потоа се пресели во Далас, но во овој тим на Реал има неколку играчи кои беа во тој тим. .
Тимската статистика го кажува следново – Барса е подобра офанзивно (81,4 наспроти 79,3 поени), додека Реал е подобар во одбраната (73,6 наспроти 75,5). Мадриѓаните се подобри и во скокот, па се очекува интересна борба во рекетот.
Лидерите се познати. Во Барса тоа се МВП Никола Миротиќ и плејмејкерите Ник Калатес, односно Нико Лапровитола, од другата страна се Серхио Љуљ, Гершон Јабуселе и џинот во рекетот Валтер Таварес.
Вака изгледа статистиката на Лидерот – Миротиќ (16,6 поени, 5,1 скока, 1,2 асистенции), Калатес (7,4 поени, 6 асистенции, 3,9 скока ), Лапровитола (9,5 поени, 3,1 асистенции, 1,9 скока), а со останатите страни се Љуљ. (8,6 поени, 2,7 асистенции, 1,7 скока), Јабуселе (11,9 поени, 4,7 скока, 1,6 асистенции) и Таварес (10,9 поени, 7,6 скока, 1,7 блокади).
Спорт
Олимпискиот првак победи на митингот во Савона

Италијанскиот атлетичар Марсел Џејкобс, по речиси една година учествуваше на трка на отворено. Олимпискиот првак на 100 метри настапи и победи на митингот во Савона.
Џејкобс полуфиналето го истрча за 9,99 секунди, додека во финалето целта ја мина за 10,04 секунди.
„Малку се мачев, мислев дека ќе трчам подобро отколку во полуфиналето. Малку ми недостига таа искра. Мислев дека оваа недела без тренинг ќе помогне, но, ова е прва трка во годината, има уште време до Светско првенство“, рече тој. Џејкобс за РАИ.
Светското првенство во атлетика започнува на 15.јули во Јуџин, САД.
Џејкобс не се натпреваруваше на отворено откако минатиот август изненадувачки го освои златниот медал на ОИ во Токио, каде победи со нов европски рекорд – 9,80 секунди.
Во март освои златен медал на Светското првенство во сала во Белград.