Спорт
Сеќавање на кошаркарскиот Моцарт: „Дражен ја промени кошарката, исто како Џордан што ја промени НБА“
Во Вроцлав на 6 јуни 1993 година, во квалификациите против Словенија, во сосема неважен меч капитенот за последен пат ја предводеше хрватската репрезентација. Следниот ден со екипата замина за Загреб. Тој се симна во Франкфурт, се збогуваше со остатокот од тимот и се упати кон Минхен. Преку Инголштад.
„Стојко, каде ќе спиеш? Во Интерконтинентал? Добро. Вечерва ќе ти се јавам на телефон. Не се јави. Неговите работи слетаа во Загреб. Тој не се врати“, раскажа Стојко Вранковиќ.
На денешен ден пред точно 30 години, еден од најголемите европски кошаркари на сите времиња Дражен Петровиќ загина во сообраќајна несреќа кај Инголштад на автопатот Франкфурт – Минхен.
Имаше можеби подобри европски кошаркари од Дражен, поталентирани, но никој како него не беше синоним за кралица на игрите. Во кој било агол на светот доволно беше да се каже „Дражен“. Сѐ беше јасно. Презимето беше непотребно. Дражен беше Дражен.

За време на неговиот живот, тој беше икона и водач на целото движење кое ги натера децата да се заљубат во кошарката. Тој не беше обичен спортист, тој беше пример и за децата и за возрасните.
Триесет години по смртта на кошаркарскиот Моцарт, неговата легенда сè уште живее, а по повод тажната годишнина, сите пренесуваме спомени за Дражен.
Игор Кокошков, поранешниот селектор на Србија и единствениот Европеец кој самостојно бил тренер на НБА клуб, вели:
„Во времето кога јас растев и формирав, Дражен беше идол на генерацијата. Кошарката ја засакавме поради Дражен. Дражен не само што беше кошаркарска ѕвезда, тој беше рок ѕвезда. Без сомнение, Дражен е број еден“.

Горан Грбовиќ, легендата на Партизан и соиграч на Дражен Петровиќ во југословенската репрезентација истакнува дека можеби Лука Дончиќ е вистинскиот наследник на легендарниот кошаркар.
„Бев убеден дека никогаш повеќе нема да имаме таков играч од овие простори, додека не се појави Лука Дончиќ. Дражен имаше сѐ што треба да се види кај еден кошаркар. Дражен ја смени коѓарката. Исто како што Џордан ја смени НБА. Со појавувањето на Дражен, одбраната човек на човек престана да постои бидејќи никој не можеше сам да го чува. Дражен имаше совршена техника на дриблинг во нападот. Совршено. Тој беше совршен пивот на позицијата пет. Тој го изведуваше ударот беспрекорно. Удар од дриблинг, шут за три поени од контра, шут од 45 степени од табла. Тој го оформи до совршенство. Тој никогаш не пропушти шут кога остана сам. Работеше на механиката на ударот до онесвестување“, вели Грбовиќ.
„Тој беше совршен напаѓач. На сите ни беше лесно да играме кога знаевме каков ѕвер имаме. Кога ќе биде притиснат, тој има четири или пет различни решенија. Дали ќе шутира, ќе оди до крај, ќе изнуди фаул… Тој кош веќе го постигнал во неговатаглава. Сето тоа го доживеав кога играв против него.“
И потоа се случи кобниот ден, 7 јуни, пред точно 30 години.
„Бев овде во Белград. Кога ја слушнав веста за трагедијата, се чувствував како некој да ми одзел дел од животот. Долго време не можев да прифатам дека тоа се случило, ми беше несфатливо и е до ден денешен. Сите ние што игравме со него или против него, во клупски или репрезентативен тим, изгубивме дел од историјата, но нашата лична историја“, заврши Горан Грбовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Семењо за минимален триумф на Сити во Лидс
Манчестер Сити ја продолжи потерата по лидерот Арсенал, откако го победи Лидс со 1:0 на гостински терен во 28-то коло од Премиер лигата. Сити ја забележа шестата последовна победа во Премиер лигата и шеста последовна во меѓусебните дуели.
Лидс беше поконкретен на почетокот и пропушти две одлични шанси преку Доминик Калверт-Луин и Бренден Аронсон, кој излезе сам пред Донарума но не успеа да го совлада.
Сити, до здив дојде по 30-та минута, а во последните 10 минути од првиот дел, „граѓаните“ извршија силен притисок врз противникот.
Инцијативата м донесе резултат буквално во последните секунди од првото полувреме. Антоан Семењо го искористи центаршутот на Рајан Аит-Нури и го постигна единствениот гол на натпреварот.
Во вториот дел, домаќинот повторно се закани, но реализацијата изостана, додека Сити можеше да го реши натпреварот преку Омар Мармуш и Марк Гуехи, но Карл Дарлоу го спаси својот тим од поубедлив пораз.
Победата го приближи Сити на два бода од Арсенал во трката за титулата во Премиер лигата, додека Лидс останува шест бода над зоната за испаѓање и бара континуитет за да обезбеди опстанок.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Кимих и Кејн ја срушија Борусија среде Дортмунд
Фудбалерите на Баерн Минхен ја победија Борусија во Дортмунд со 3:2 во „Дер Класикер“, кој се играше во рамките на 24-то коло од Бундеслигата. Баерн на врвот на табелата сега има 11 поени повеќе од „милионерите“.
Натпреварот започна добро за Борусија. Нико Шлотербак донесе водство по одличниот слободен удар на Даниел Свенсон во 26-та минута. Максимилијан Баер и Јан Куто исто така имаа шанси, во првиот дел. Баерн во првото полувреме, речиси да не направи ништо пред голот на Кобел.
Баварците израмнија преку Хари Кејн, кој ладнокрвно ја смести топката во мрежата по додавањето на Гнабри. Дортмунд потоа имаше шанса повторно да поведе, но пенал по фаулот на Шлотербак врз Станишиќ му овозможи на Кејн да го постигне својот 30-ти гол во сезоната и да го сруши својот личен рекорд од минатата сезона.
Домаќините веднаш одговорија со одличен волеј од Свенсон, но Кимих го имаше последниот збор, неговиот прецизен удар со левата нога му донесе победа на Баерн и ја прекина серијата од 16 натпревари без пораз на Дортмунд во Бундеслигата.
Со овој натпревар, продолжи неславната серија на тренерот Нико Ковач. Тој загуби девет и одигра два пати нерешено во пресметките со Баварците.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Јамал постигна три гола, Барселона го победи Виљареал
Ламин Jамал го постигна првиот хет-трик во кариерата. крилниот напаѓач ја предводеше Барселона до убедливата победа над Виљареал (4:1), во 26-то коло.
Младиот ас на Барселона денес влезе во историјата на Барселона, на 18 години, седум месеци и 15 дена постигна хет-трик. Меси со кого го споредуваат Јамал, имаше полни 19 години кога прв пат во кариерата постигна три гола на еден натпревад.
Јамал го отвори резултатот во 28-та минута,а девет минути подцна постигна убав гол со кој го зголеми водството на својот тим.
На стартото на вториот дел, Виљареал преку Пап Геј се врати во мечот, а дека ќе доживее пораз беше јасно кога во 73-та минута Ајосе Перез промаши празен гол. Хет-трикот го комплетираше во 69-та минута.
Во 91-та минута Левандовски го постави конечниот резултат.
Foto/ depositphotos

