Спорт
„Сексот е подобар од постигнување голови. Секој што мисли поинаку има проблем во креветот“
Златан Ибрахимовиќ го даде своето прво големо интервју откако реши да се пензионира на почетокот на јуни годинава. Легендарниот Швеѓанец реши да стави крај на фудбалската кариера на 41 година, а зборуваше за се што постигна во интервјуто кое го направи Пирс Морган.
Целото интервју ќе биде објавено во наредните денови, а засега на „Твитер“ се достапни само некои детали од разговорот на шведскиот фудбалер и познатиот новинар, познат како голем пријател на Кристијано Роналдо.
Еден дел особено ја воодушеви публиката која веќе на големо го споделува објавениот клип на социјалните мрежи.
Имено, Морган го праша Ибрахимовиќ дали е од оние фудбалери кои велат дека постигнувањето голови е подобро од сексот, а Швеѓанецот одговори во свој стил. „Сексот е подобар. Секој што мисли поинаку има проблем во креветот“.
Coming up this Thursday, don't miss Piers Morgan's VERY uncensored interview with Swedish football legend Zlatan Ibrahimovic…@Ibra_official | @piersmorgan | @TalkTV | #PMU pic.twitter.com/YIyIt2cQ2N
— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) October 2, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Словенците со големи проблеми пред стартот на Европското првенство
Ракометната репрезентација на Словенија, се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ситуацијата е таква што локалните медиуми ја окарактеризираа како „катастрофална“.
Селекторот Урош Зорман се соочи со огромен број повреди, па на списокот на оние кои нема да можат да играат се Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек.
Последен во низата што се повреди и се врати од репрезентативниот камп во Норвешка е голманот Клемен Ферлин.
36-годишниот голман со многу искуство не тренираше во последните неколку дена, па се врати во Словенија за да направи дополнителни тестови.
Остатокот од тимот е во Норвешка, каде што се подготвуваат да го отворат турнирот против Црна Гора во петок, во Осло.
Освен Црна Гора, Словенија ќе игра против Фарските Острови и Швајцарија во Д групата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Белингам за Алонсо: Не верувајте во сè што ќе прочитате
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција.
„Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“.
„Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што се држат до секој збор што го кажуваат овие кловнови и нивните „извори“. „Не верувајте во сè што читате, од време на време овие луѓе треба да бидат одговорни за ширењето на такви штетни дезинформации за кликови и понатамошни контроверзии“,
напиша Белингам на својата лична мобилна апликација „JB5“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дуан замина од Алпин
Австралискиот возач Џек Дуан, спогодбено се раздели со Алпин, објави францускиот тим.
Дуан го имаше своето деби во Формула 1 на последната трка од сезоната 2024 и ја започна сезоната 2025 како тимски колега на Пјер Гасли.
Сепак, по само шест трки, тој беше заменет од Франко Колапинто и до крајот на сезоната беше резервен возач.
Алпин, соопшти дека Дуан е ослободен за да му се овозможи „да бара други професионални можности“.
Foto/ depositphotos

