Спорт
Селекторот Милевски го објави списокот за дуелите со Финска и со Азербејџан: Се враќаат Несторовски и Николов
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за контролните два натпревари против Финска (17. ноември, 18:00 часот) и Азербејџан (20. ноември, 14:00 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Во најдобриот состав на македонската репрезентација се враќа капитенот Стефан Ристовски, а повратник во тимот е напаѓачот на италијански Удинезе, Илија Несторовски. На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 26 фудбалери:
Голмани:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);
Одбрана:
Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифак, Саудиска Арабија), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Езѓан АЛИОСКИ (Фенербахче, Турција), Тодор ТОДОРОВСКИ (Сумгаит, Азербејџан), Стефан АШКОВСКИ (Ламиа, Грција), Никола СЕРАФИМОВ (МОЛ Види, Унгарија), Кире РИСТЕВСКИ (Пјуник, Ерменија), Егзон БЕЈТУЛАИ (Шкендија), Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска);
Среден ред:
Енис БАРДИ (Трабзонспор, Турција), Агон ЕЛЕЗИ (Вараждин, Хрватска), Јани АТАНАСОВ (Хајдук, Хрватска), Стефан СПИРОВСКИ (Пјуник, Ерменија), Давид БАБУНСКИ (Мезекевешд, Унгарија), Бобан НИКОЛОВ (ФЦСБ, Романија), Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија);
Напад:
Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (Абердин, Шкотска), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Ваљон ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија), Илија НЕСТОРОВСКИ (Удинезе, Италија);
Собирот на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Финска (56. ФИФА ранг листа) и Азербејџан (123. ФИФА ранг листа) е закажан за 14. ноември (понеделник) во 12:00 часот во х. Хилтон во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј
Тројца фудбалери на Олимпик Марсеј биле нападнати утрово во 3 часот по враќањето од Ле Авр, каде тимот го одигра последниот натпревар во сезоната, во Лига 1. Марсеј победи со 2.1 но не успеа да избори пласман во европските купови.
Како што јави „Европа 1“, жртви на напдто биле Фарис Мумбања, Жан Онана и Бамо Меите. Група разбојници, им се заканиле со пиштоли и се обиделе да ги украдат нинвите автомобили.
Драмата, кулминирала кога кон фудбалерите биле испукани неколку куршуми додека тие се обидувале да избегаат. Во еден од автомобилите два куршуми завршиле во врата на возачот, а во вториот куршум бил испукан во багажникот.
23-годишниот Мумбања е напаѓач од Камерун кој на почетокот на годината дојде од Норвешка, Меите е стопер од Брегот на Слоновата Коска, а Онана е Камерунец кој игра на позицијата заден играч за врска. Тој дојде во Марсеј на позајмица од Бешикташ.
Спорт
Брест не може на својот стадион да биде домаќин во ЛШ
Најголемото изненадување во Франција, Брест, кој како трет во француското првенство директно се пласираше во Лигата на шампионите, европските натпревари ќе ги игра на стадионот „Стад де Рудуру“ во Генгамп, најави градоначалникот на Брест, Франсоа Куиландре. Иако во игра беше и „Роажон парк“ во Рен, Куиландре истакна дека Рудуру е „најблискиот стадион до Брест“.
„Жал ми е што не е во Ле-Бле, но исто така ја зајакнува нашата идеја за изградба на нов стадион“, додаде тој.
„Стад Франсис-Ле-Блеу“, каде Брест игра во Лига 1, не ги исполнува стандардите што ги бара УЕФА за натпревари од Лигата на шампионите, особено затоа што три од неговите четири трибини се цевчести структури, што е забрането со континенталните прописи.
По техничкиот преглед на крајот на април, УЕФА го извести Брест дека, доколку не се изведат градежни работи, ќе им дозволи да играат на совјот стадион но тогаш капацитетот би бил само 5.000 места.
Брест мора да ја извести УЕФА до 22 мај каде ќе биде домаќин.
Брест пред неколку години започна проект за изградба на нов стадион со 15.000 седишта, чија изградба е планирана за 2025 година и кој не треба да биде завршен пред 2027 година.
Спорт
Рома на Азурниот брег најде спортски директор
Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на фудбалскиот клуб Рома.
Оваа вест ја потврди и претседателот на Ница каде до крајот на сезоната ќе работи на истата позиција.
„Флорен Гизолфи нè напушта, се сели во Рома и ние сме среќни поради него. Поминавме неколку добри месеци заедно, тој е добар човек и тоа многу го цениме. Му посакуваме се најдобро. Тој побара да си замине и ние прифативме“, изјави Жан-Пјер Ривер.
Гизолфи ќе го раскине договорот со Ница и на тој начин ќе и олесни на Рома која нема да мора да го откупи неговиот договор од Ница.
Местото спортски директор на Рома е испразнето откако Тиаго Пинто поднесе оставка на крајот од јануарскиот преоден рок.