Спорт
Селта со авто-гол освои бод кај Реал Сосиедад

Фудбалерите на Реал Сосиедад и Селта ремизираа 1:1 во 22. коло од шпанската Ла Лига.
Реал Сосиедад е трет на табелата со 43 бодови, додека Селта е 13. со 24 бодови на своето конто.
Домашните играчиБаскијци поведоа уште во петтата минута. Фудбалерот од средниот ред на Селта, Белтран, згреши и го отвори контранападот на Сосиедад, кој го извлече Кубо, а потоа одлично го проигра Ојарзабал, кој погоди за 1:0.
Во продолжение Селта беше подобрата екипа на теренот, се закануваше, имаше голем број на удари кон голот на Алекс Ремиро, но резултатот не се менуваше.
Гостите од Виго во 75. минута останаа со играч помалку, бидејќи Тапија доби два брзи жолти картони.
Тоа не ја обесхрабри Селта, продолжи да притиска, а наградата дојде во четвртата минута од судиското надополнување, кога Ле Норман си постигна автогол, за конечни 1:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Татко и син, фудбалски тренери во ист ден добија откази

Фудбалските тренери, таткото и синот Јанис и Јоргос Петракис, во ист ден добија откази.
Јоргос Петракис беше тренер на грчкиот АЕЛ, а неговиот татко Јанис, го водеше Панетоликос.
Самиот факт дека во една лига татко и син работат како тренери на различни клубови е навистина импресивен, но бизарно е што двајцата беа отпуштени на ист ден.
Јанис Петракис го водеше Панетоликос од 2023 година, а доби отказ по катастрофалниот пораз од Левадијакос со 6:0. Неговиот син Јоргос беше на клупата на АЕЛ Лариса, клуб кој оваа сезона избори промоција во грчката Супер лига.
Неделата беше фатална и за него, бидејќи беше отпуштен по поразот од 5:2 против Волос.
Двата клуба моментално се наоѓаат на самото дно на табелата, на 12-та и 13-та позиција со само четири освоени бода, со два бода последен е Астерс.
Спорт
Шок во Белград – Задар ја победи Црвена звезда

Кошаркарите на Црвена звезда загубија од Задар со 79:85 во првиот натпревар во АБА лигата, во групата Б.
Екипата на Јанис Сферопулос сè уште не знае за победа оваа сезона, бидејќи ова е трет пораз, по два неуспеси во Евролигата.
Од друга страна, Задар направи големо изненадување, слично како пред три години кога победи во Пионир.
Актуелните шампиони на Хрватска водеа речиси во текот на целиот натпревар и ја остварија четвртата последователна победа над Црвена звезда во Белград.
Кај Звезда, Сами Оџелеи постигна 15 поени со 10 скока, додека Ебука Изунду додаде 15 поени и седум скока.
Џордан Нвора постигна 14 поени, Тајсон Картер 12, а Стефан Миљеновиќ 11 поени.
Задар до победата го предводеа Владимир Михаиловиќ со 21 поен, Карло Жганец со 18, Бо Бич оствари дабл-дабл учинок од 17 поени и 10 скока. Двоцифрен број на поени, 10, имаше и Борна Капуста.
По завршувањето на натпреварот навивачите побараа оставки од чените луѓе на клубот и тренерот Сферопулос.
Foto/ Luka Milosavljevic / STARSPORT
Спорт
Јувентус во Лондон ја најде замената за Влаховиќ

Душан Влаховиќ ја игра последната сезона во дресот на Јувентус. Не ги опрвада вложените 82 милиони евра во неговиот трансфер од Фиорентина.
Србинот влезе во последната година од договорот, ги одби сите понуду да потпише нов за многу помала плата. Италијанските медиуми шпекулираат дека Јувентус ќе се обиде да го продаде Влаховиќ во зимскиот преоден рок. Планот е да извлече некое евро од неговиот трансфер, доколку тоа не му успе тгаш напаѓачот како слободен играч ќе го напушти клубот во јуни следната година.
„Тeam Talk“, тврди дека Јувентус веќе почнал да бара замена за Влаховиќ и дека изборот паднал на Габриел Жесус.
Арсенал веќе ја одредил цената за Бразилецот, а „Старата Дама“ мора да издвои околу 35.000.000 евра за неговиот трансфер.
Се додава дека Жесус го следи и Евертон, кој ќе биде главен конкурент во битката за потписот на напаѓачот на „топџиите“. Бразилецот сè уште се опоравува од сериозна повреда и наскоро треба да се врати на теренот.