Спорт
Семенја: Која е ИААФ да утврдува дали јас сум жена?
Олимписката шампионка на 800 метри, Кастер Семенја, вели дека ја третираат како експериментално заморче од страна на Интернационалната асоцијација на атлетските федерации (ИААФ) кога тие пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) тврдеа дека таа мора да се декларира како биолошки маж.
Иако ИААФ пред сослушувањето во ЦАС тврдеше дека спортистите со разлики во сексуалниот развој (ДСД) не треба да се класифицираат како мажи, на сослушувањето го тврдеше спротивното. ЦАС ја одби жалбата на Семенја и сега ѝ останува само борба пред швајцарскиот федерален суд.
„И покрај јасните декларации на ЦАС за полот на Кастер Семенја, ИААФ реши сама да одлучува кој е доволно женско за да се натпреварува и тоа е дискриминација. ИААФ сака да прави тестови за утврдување на полот“, се вели во сопштението на адвокатите на Семенја.
Самата Семенја вели дека таа е експериментално заморче за да се утврди како влијаат медикаментите за намалување на природниот тестостерон и објави дека ќе одбие медицински третмани.
„ИААФ во минатото ме користеше како експериментално заморче да дознае како влијаат медикаментите. Иако хормонските лекарства ме правеа да се чувствувам постојано болна, ИААФ сака уште постриктни мерки. Нема да дозволам ИААФ да го користи моето тело повторно. Ова не смее да се дозволи“, вели Семенја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Џокерот Шешко за триумф на Јунајтед кај Евертон
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Евертон со 1:0 во последниот натпревар од 27-то коло од Премиер лигата.
Екипата на Мајкл Карик ја продолжи борбата за место во Лигата на шампионите следната сезона. ЈУанјтед се искачија на третото место на табелата со 48 поени, три помалку од третопласираната Астон Вила и три повеќе од Челзи и Ливерпул, кои се на позициите пет и шест.
Натпреварот на „Хил Диконсон“ го реши џокерот на Мајкл Керик, Словенецот Бенјамин Шешко.
Централниот напаѓач, со гол го аврши брилијантниот контра напад на својот тим.
Евертон се обиде во финишот да освои бод, но гостите од Манчестер ги одбија сите напади.Евертон осната на деветтото место на табелата со 37 поени.
Спорт
УЕФА го суспендира Престијани
Џанлука Престијани е суспендиран за реваншот од плејофот на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Денес, УЕФА потврди во официјално соопштение дека фудбалерот на Бенфика е суспендиран поради истрагата што е започната против него.
Познато е дека Винисиус Жуниор го обвини Аргентинецот дека го навредувал на расна основа, УЕФА веднаш започна истрага, и иако таа не е завршена, има право да го суспендира, што го искористи.
УЕФА се повика на правилото од својот правилник дека може да суспендира играч против кого се води истрага, а Престијани нема да може да му помогне на својот тим, во реваншот во Мадрид.
Натпреварот Реал – Бенфика е закажан за среда во 21:00 часот.
Foto/ EPA
Спорт
Берокал: Привилегија е да бидам селектор на Македонија
Од денеска, и официјално, шпанскиот стручњак, Жозеп Мариа Берокал е селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
Новиот македонски селектор веќе почна со работа, одржа два тренинга и ги изнесе своите први импресии пред претставниците на медиумите:
„Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да бидам селектор на Македонија. Знам дека е краток периодот за подготовки, но во овие само два тренинга со репрезентацијата, видов дека има голем простор за напредок.
Мислам дека треба да размислуваме на долги патеки, да го унапредуваме тимот и важно е за иднината, кои млади играчи ќе доаѓаат во националниот тим“.
Берокал ги објасни „конекциите“ преку кои дојде до стартот на оваа, сите се надеваат, долгорочна соработка:
„Што се однесува до македонската кошарка, поврзан сум со неа преку Владо Илиевски, му бев тренер пред 23 години. Некои од играчите во репрезентацијата ги познавам, му бев тренер на Војдан Стојановски во Украина, некои ги знам од Шпанија.
Среќен сум, знам дека на почетокот нема да биде лесно, ќе биде долг процес, но ќе се обидеме да направиме максимум од овие играчи.
Кое ќе биде нивото што ќе го достигнеме, не знам, но верувам во сите. На кошаркарите им реков дека треба да се натпреваруваат сами со себе, да бидат подобри, да имаат шампионски менталитет. Да не гледаме премногу далеку во иднината, да се фокусираме на она што ни претстои“ – рече Берокал на денешната промоција.
Извор и Фото/ mkd.basketball

