Спорт
Сензација во Будимпешта, Унгарија освои бод против Франција
Унгарија го приреди првата сензација на Европското првенство. Во прекрасната атмосфера на „Пушкаш арена“ во Бупимпешта пред 67.000 навивачи, Унгарија одигра 1:1 со светскиот првак Франција.
Унгарците храбро им се спротивставија на најголемите фаворит за титулата. Носени од публиката, Унгарците без респект влеоа во мечот и во таков ритам ги одиграа сите 90 и нешто повеќе минути.
Сензацијата ја најави Фиола, во втората минута од судиското надополнување на времето во првиот дел.
Претходно, Франција пропушти шанси преку Мбапе и Бензема.
Во вториот дел израмнувањето го најави Дембеле, кој во 59.минута ја погоди стативата. Седум минути подоцна, по акцијата на Мбапе, Гризман од седум метри лесно ја смести топката во голот.
До крајот на мечот Унгарците успеаја да ги издржат налетите на Франција.

Франција сега има четири поени, Унгарија еден. Колото ќе го комплетираат Германија и Португалија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Денвер и Лејкерси славеа на турнејата по Источната конференција
ЛА Лејкерс и Денвер Нагетс славеа победи на гостувањата во Источната конференција.
Денвер потешко од очекувањата победи во Шарлот со 115:106. Но, добрата вест за навивачите на Денвер е дека Џамал Мареј, кој дефинитивно е во одлична форма, одигра уште еден одличен натпревар.
Мареј беше најефикасен кај Нагетс. Тој постигна 34 поени, 23 во првата четвртина. Јокиќ беше на еден скок од нов трипл-дабл. Тој постигна 28 поени (11/16 од поле, 4/8 од три), 11 асистенции, девет скока и една украдена топка. Од другата страна, Бриџис се истакна со 24 поени, девет скока и осум асистенции.
Лејкерси победија во Филаделфија со 112:108, а повторно блескаше Лука Дончиќ. Словенецот се врати со стил по пауза од два натпревари. Тој забележа трипл-дабл од 31 поен, 15 скока и 11 асистенции и го водеше тимот до нова победа.
Покрај Дончиќ, Леброн Џејмс имаше значајна улога. Тој забележа 29 поени, седум скока и шест асистенции. На другата страна, Макси ја предводеше Филаделфија со 28 поени, девет асистенции и седум скока, додека Џоел Ембиид постигна 16 поени со 4/21 шут и седум скока.
Спорт
(Видео) Шок во Мадрид – Селта го победи Реал
Фудбалерите на Реал Мадрид го претрпеа првиот пораз оваа сезона на @Сантијаго Бернабеу# во Ла Лига.
Во 15-то коло од шпанското првенство, Селта направи првокласно изненадување и по малку повеќе од 19 години славеше во првенството на легендарниот стадион во главниот град со резултат од 2:0.
Реал Мадрид беше подобар ривал, напаѓаа, создаваа шанси, во првото полувреме имаа три многу добри, но…
Гостите поведоа во 53-та минута кога 21-годишниот Вилиот Сведберг постигна спектакуларен деби гол во сезоната.
Во 64-та минута, Реал Мадрид остана со десетмина на теренот поради исклучувањето на Фран Гарсија, а тимот на Чаби Алонсо продолжи да напаѓа и покрај бројчениот недостаток, но залудно…
Во втората минута од судиското продолжение, „Кралскиот клуб“ остана и без Алваро Касерес, кој доби два брзи жолти картони, а Сведберг брзо го постигна вториот гол за конечни 0:2. Нему му асистираше легендарниот Јаго Аспас во својот 400-ти натпревар во дресот на тимот од Виго во шпанското првенство.
Спорт
(Видео) Рома со играч помалку падна во Каљари
Во 14-то коло од Серија А, Рома го претрпе вториот последователен, а вкупно петти пораз во Серија А оваа сезона.
„Волчицата“ беше поразена на гостувањето кај Каљари со 1:0. Каљари ја забележа првата победа од месец септември.
Решавачкиот момент во натпреварот се случи во 52-та минута кога Зеки Челик направи прекршок како последен играч во одбраната и доби директен црвен картон. Домашниот тим ја круниса подобрата и поконкретна игра во 82-та минута кога Себастијано Еспозито го пронајде Џанлука Гаетано и овој полуволеј ја затресе мрежата.
Рома нема нерешен резултат во 14 кола, туку девет победи и пет изгубени натпревари. Интересно е што сите пет порази ги доживеа со ист резултат – 1:0.
Рома со 27 поени се наоѓа на четвртото место на табелата, Каљари е на 14-та позиција со исто толку бодови.
Foto/ EPA

