Контакт

Спорт

Сензација во Будимпешта, Унгарија освои бод против Франција

Објавено пред

Унгарија го приреди првата сензација на Европското првенство. Во прекрасната атмосфера на „Пушкаш арена“ во Бупимпешта пред 67.000 навивачи, Унгарија одигра 1:1 со светскиот првак Франција.

Унгарците храбро им се спротивставија на најголемите фаворит за титулата. Носени од публиката, Унгарците без респект влеоа во мечот и во таков ритам ги одиграа сите 90 и нешто повеќе минути.

Сензацијата ја најави Фиола, во втората минута од судиското надополнување на времето во првиот дел.

Претходно, Франција пропушти шанси преку Мбапе и Бензема.

Во вториот дел израмнувањето го најави Дембеле, кој во 59.минута ја погоди стативата. Седум минути подоцна, по акцијата на Мбапе, Гризман од седум метри лесно ја смести топката во голот.

До крајот на мечот Унгарците успеаја да ги издржат налетите на Франција.

Франција сега има четири поени, Унгарија еден. Колото ќе го комплетираат Германија и Португалија.





©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Коронавирусот го елиминира грчкиот тим во уметничко пливање

Објавено пред

Грција се повлече од натпреварите во уметничко пливање. Четири репрезентативки биле позитивни на коронавирусот.

Една од грчките репрезентативки во понеделникот добила позитивен тест, а ден подоцна позитивни наоди пристигнале за уште три репрезентативки.

„Од првиот ден кога влеговме во Олимпиското село со никого немавме контакт. Дури ни со членовите на Олимпискиот комитет на Грција. И на крајот ни се случи ова. Жал ни е што мораме да се повлечеме“, соопштиле од грчкиот тим.

Организаторите на ОИ соопштија дека во вторникот имало 18 позитивни тестови на коронавирусот. Од 1 јули вкупно 294 спортисти биле заразени од коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Крај на една ера – браќата Гасол во репрезентативна пензија

Објавено пред

Браќата Пау и Марк Гасол се простиј од дресот на шпанската репрезентација. Поразот од САД, во четврт-финалето на олимписките игри во Токио, беше последен за легендарните браќа во дресот на Шпанија.

Пау (41) за Шпанија дебитираше во 2001 година. Со Шпанија освои 11 медали на големите натпреварувања. Три пати бил европски, еднаш светски првак, додека од ОИ има две втори места.

Се уште не е јасно дали Пау ќе ја заврши кариерата. Минатата сезона тој ја мина во Барселона.

„За наредниот чекор ќе разговарам со семејството. Ќе видиме дали ќе продолжам да играм кошарка или ќе барам нови предизвици во животот“, рекол Пау Гасол.

Марк Гасол е пет години помлад. Тој и наредната сезона ќе го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс. Помладиот Гасол за Шпанија дебитираше во 2006 година. Марк со Шпанија два пати бил светски, три пати европски првак, има и две сребра од настапите на ОИ.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ремзи се враќа во Премиер лигата?

Објавено пред

Арон Ремзи, во 2018 година, како слободен играч пристигна во Јувентус. Во Торино доби голема плата, но не успеа со игрите на теренот да ги оправда вложените пари. Сигурно е дека Ремзи ќе го напушти Јувентус во летниот преоден рок.

Многу е веројатно, дека поранешниот играч на Арсенал, ќе се врати во Премиер лигата.

Најсериозен кандидат за неговиот потпис е Њукасл. „Страчките“ со големи амбиции ќе влезат во новата сезона.

Ремзи има договор со Јувентус до јуни 2023 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија28 минути

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,36%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ...

Македонија1 час

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ кои во текот на...

Македонија3 часа

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет4 часа

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа4 часа

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Околу 28 проценти од Европејците не можат да си дозволат една седмица одмор надвор од нивното место на живеење, а...

Македонија4 часа

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија5 часа

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија14 часа

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија14 часа

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија14 часа

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија16 часа

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија17 часа

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт19 часа

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија22 часа

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ23 часа

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија24 часа

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски: Илинден обедини генерации Македонци за слобода

Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега, рече...

Свет1 ден

(Видео) Туристи во Бодрум со чамци бегаат од пожарите, Ердоган призна дека земјата нема канадери

На југот на Турција, како и на други места во Средоземното Море, со денови беснеат огромни пожари. По петдневните пожари...

Свет1 ден

(Видео) Еден починат и 600 уапсени на протестот во Берлин против корона-мерките

Полицијата во Берлин објави дека 49-годишен маж починал откако полицијата го уапсила за време на протестот против мерките во борбата...

Македонија2 дена

Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес е почувствуван вечерва во Скопје. „Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 23 часот и 07 минути,...

Досие