Спорт
Серена Вилијамс била помалку платена и помалку ценета!
Американската тениска легенда Серена Вилијамс смета дека била помалку платена и помалку ценета во цела нејзина кариера поради бојата на кожата оценувајќи дека морала да работи понапорно за да го добие признанието во однос на белите противнички.
Во интервју за британскиот „Воуг“ 39-годишната Американка вели дека била третирана поинаку од нејзиното професионално деби во 90-тите и дека имала премногу пречки на својот пат. 23-кратната гренд слем шампионка беше прогласена за втора најбогата спортистка во 2020 со заработувачка од 49,9 милиони долари, веднаш зад Јапонката Наоми Осака.
„Никогаш не сум била личност која велела дека сака да биде бела или сака да има побел тен. Ми се допаѓа која сум и како изгледам. Сега, со Black Lives Matter, и ние како црни луѓе имаме глас и технологијата ни помогна. Ги гледаме работите што беа скриени со години, а низ кои ние поминувавме. На крајот на мај ми се јавуваа толку бели луѓе и ми велеа: ‘Извини за тоа низ што поминуваше’. Не може да разберат, но почнаа да гледаат. Јас го зборував тоа во целата моја кариера“, вели Серена.
“The sports icon has a career that, for longevity and impact, is almost without parallel,” says @Edward_Enninful of his November cover star, @SerenaWilliams. https://t.co/t59FjIgDsL
— British Vogue (@BritishVogue) October 5, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.