Спорт
Серхио Рамос ја одбил понудата на ПСЖ да остане за половина плата

Шпанскиот ветеран Серхио Рамос ја одбил првата понуда од Пари Сен Жермен за нов договор. иако најави дека има голема желба да продолжи да игра на високо ниво, сепак, тој не се сложил со значително намалените услови кои биле дел од понудата.
ПСЖ сака да ја преполови платата на дефанзивецот, а тоа не му се допаднало на Серхио Рамос.
Тој дојде на „Паркот на принцовите“ во јуни 2021 година, а првата година се соочуваше со големи проблеми со повредите. Сепак, оваа сезона забележа 43 настапи и постигна три гола во дресот на „светците“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Селта го отпушти Карвахал

Шпанскиот прволигаш Селта Виго го отпушти тренерот Карлос Карвахал. Селта во последното коло успеа да избори опстанок во Примера.
Победата над Барселона (2:1), во последното коло беше единствена за Селта во последните 11 натпревари во првенството.
Португалскиот тренер Карвахал пристигна во Селта во ноември непосредно пред паузата поради Светското првенство.
Сепак, по добриот старт, тимот го загуби ритамот по репрезентативната пауза во март, па Карвалхал нема да остане на клупата до крајот на договорот кој истекуваше следното лето.
Спорт
Шеикот Мансур 15 години е газда на Сити, вечерва втор пат во живо ќе го гледа својот клуб

Шеикот Мансур е сопственик на Манчестер сити веќе 15 години, но денеска само вторпат во живо ќе го гледа својот клуб. Тој ќе биде присутен на финалниот меч во Истанбул, помеѓу Сити и Интер. доаѓа во финалето на Лигата на шампионите во Истанбул.
Во овие 15 години, тој само еднаш го гледал во Сити, во 2010 година кога неговиот клуб победил на „Етихад“ со 3:0.
Манчестер сити, вечерва ќе се обиде да ја освои првата титула во Лигата на шампионите, односно третиот трофеј во сезоната, откако веќе победи во ФА Купот и Премиер лигата.
Лигата на шампионите треба да биде само конечна потврда за одличната сезона, но и за владеењето на Мансур.
Последен англиски клуб кој ја освоил тројната круна е Манчестер јунајтед. Тоа беше во 1999 година, кога тимот на Сер Алекс Фергусон ја потврди тројната круна со драматична победа над Баерн во финалето на Лигата на шампионите.
Спорт
Американците во целост го презедоа Лидс јунајтед

Сопствениците на НФЛ клубот Сан Франциско Фортиенерс постигнаа договор за купување на целиот удел во англискиот фудбалски клуб Лидс, соопштија денеска од клубот.
Оваа групација, досега имаше 44 отсто учество во Лидс, кој на крајот од сезоната испадна во Чемпионшип.
„Двете страни продолжуваат да работат на деталите… Клубот останува целосно фокусиран на брзо враќање во Премиер лигата“, се вели во соопштението.
Според медиумите, на вредноста на договорот влијаело испаѓањето во втората лига па наместо 460 милиони евра, италијанскиот бизнисмен на чело на Лидс, Андреа Радрицани, од шродажбата добил 200 милиони евра.
Радрицани е на чело на Лидс од 2017 година, во неговиот мандат клубот по 16 години се врати во Премиер лигата (2020 година).