Спорт
Серхио Рамос сам си направи интервју за проблемите во Реал
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос реши самиот да си направи интервју и на социјалните мрежи да ги објави сите детали околу катастрофалната сезона и наводните пресметки со директорот на тимот, Флорентино Перез, снимањето на документарец во соблекувалните, и конфликтот со Марсело.
„Како фудбалери, сакаме нашето да го кажуваме на теренот, но оваа сезона не се покажува како таква. Последните настап беа катастрофални и не го кријам тоа. Не го криеме тоа. Ние фудбалерите сме први одговорни за тоа, а јас како капитен, уште повеќе од останатите. Затоа мислев дека најискрен начин е да се одговори на прашањата кои се појавија“, почнува Рамос во долгото авто-интервју.
Околку конфликтот со Перез, Рамос вели дека проблемите во соблекувалната се решаваат таму.
„Нема проблем и сите имаат ист интерес – Реал Мадрид. Со Марсело имаме разговори при секоја тренинг-сесија. Тоа е дел од работата под притисок. Но, тоа е анегдота која може да се случи било кога. За мене, Марсело е како брат“, додава Рамос.
Тој исто така признава дека намерниот жолтиот картон кој го доби во Амстердам во мечот од ЛШ бил апсолутна грешка, откако на реваншот на „Бернабеу“ Ајакс ги победи со 4:1, а за документарецот кој го снимал во текот на тој меч вели дека имал „одредени обврски“ со договорите кои ги потпишал.
Рамос, за кого првпат по подолго време се шпекулира дека може да замине од Реал, го завршува постот со проблемите кои се соочува тимот оваа сезона, но вели дека изградбата на нов Реал мора да продолжи.
„Овие зборови се, секако, резултат на разочарувачка сезона, но ако успехот не не сопре, нема да дозволиме ниту поразот да го направи истото. Наша обврска е да одиме напред, да работиме и да се потсетиме дека имаме среќа што играме за Реал Мадрид. Ниту едно име не ја гради легендата на Реал Мадрид“, додава Рамос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

