Спорт
Северна Кореја ќе игра меч првпат по повеќе од четири години

Речиси четири години откако владата реши да ги затвори границите, Фудбалската федерација на Северна Кореја потврди дека нивната фудбалска репрезентација ќе игра на Азиските игри во Хангжу, Кинаа.
Репрезентацијата на Северна Кореја последен пат играше во квалификациите за СП на крајот на 2019 година, кога одиграа 0:0 со Либан. Од Азиските игри во 2018, Северна Кореја не учествуваше на ниту едно големо натпреварување, пропуштајќи ги Олимпијадата во Токио во 2020 и Зимската олимпијада во Пекинг во 2022 откако владата ги затвори границите поради пандемијата на КОВИД-19.
Сега, спортистите од Северна Кореја ќе се натпреваруваат во џудо, одбојка и фудбал на Азиските игри во Хангжу. Женската репрезентација освоија злато со победа над Јапонија на Азиските игри во 2018, додека машката репрезентација загуби во финалето од Јужна Кореја.
Азиските игри се отвараат во Хангжу на 23 септември и траат до 8 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рафаел Леао: Саудиските пари? Борбата во Лигата на шампиони вреди повеќе!

Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао посочува дека сака да „освојува големи работи“ со „росонерите“ на кои е фокусиран во блиската иднина и дека не го привлекуваат високите плати кои ги добиваат фудбалерите во Саудиска Арабија.
24-годишното португалско крило потпиша нов петгодишен договор со клубот во јули и е во добра форма со три гола и две асистенции во првите шест меча во сите натпреварувања, но италијанските медиуми го критикуваа што ги избегнува дефанзивните обврски и го критикуваат тренерот Стефано Пиоли дека цела игра на тимот се врти околу него.
„Верувам дека клубот е на вистински пат, успеавме да стигнеме до полуфиналето на Лигата на шампионите, и сега целта мора да биде да продолжиме да растеме, да носиме засилувања, да бидеме посилни. Сигурен сум дека Милан ќе се врати на титулите од Лигата на шампиони, што е нашата главна цел. За мене, јас сум млад и сакам да освојувам големи работи со Милан. Имам одиграно над 20 меча во Лигата на шампионите, така што имам искуство“, вели Леао во интервју за магазинот „Џи кју“.
Потоа тој зборуваше за својата иднина.
„Никогаш не вели никогаш, но јас сум во клуб кој ме прими многу добро и затоа го обновив договорот, што немаше да го направам ако мислев на заминување. Сакам следните две три години да освојам големи работи со Милан. Не сум подготвен да одам во саудиската лига. Последните денови парите се погласни, но за мене Лигата на шампиони е поважна од плата од 10 милиони евра, на пример“, вели Леао.
Спорт
Лудило во Сплит – Иван Перишиќ доаѓа во Хајдук во јануари!

Навивачите на Хајдук ја остварија својата желба, откако било договорено Иван Перишиќ од јануари да го носи дресот на клубот од Сплит, јавува „Спортске новости“.
Според нивните информации, како дел од преговорите за трансферот на Лука Вушковиќ во Тотенхем, претседателите на двата клуба, Даниел Леви и Лукша Јакобушиќ го договориле и преминувањето на Перишиќ во Хајдук. Бидејќи преодниот рок е завршен, а во исто време Перишиќ има потешка повреда поради која ќе паузира пет месеци, трансферот ќе се изведе во јануарскиот преоден рок.
Претходно, Хајдук го сруши сопствениот рекорд продавајќи го 16-годишниот вундеркинд, Вушковиќ, кој ќе остане во Хајдук додека не наполни 18 гоини.
Спорт
Црвена звезда бара друг судија, навивачите на Партизан ќе го бојкотираат дербито

Партизан и Црвена звезда, во среда треба да го одиграат 171. дерби.
Фудбалскиот клуб Црвена звезда најави дека играчите нема да се појават на стадионот во „Хумска“, доколку Судиската комисија не одреди друг судија. За главен судија на дербиот е делегиран најдобриот српски судија, Срѓан Јовановиќ.
Од Црвена звезда сметаат дека Јовановиќ жестоко ги оштетил пред четири години (22.септември 2019) кога им поништил чист гол во дербито. Чудна одлука на црвено-брлите да бараат изземање на овој судија, бидејќи тој го судеше последното дерби, во април на „Маракана“ натпреварот заврши 0:0.
Инаку, дербито ќе го пропуштат „Гробарите“. Навивачите на Партизан го бојкотираат клубот, не задоволни се од работата на клупските челници. Ќе ги бојкотираат натпреварите на Партизан се додека актуелните ченици не си поднесат оставки.
Foto/Starsport/B92