Спорт
Сезоната заврши за Паоло Дибала

Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала мора да оди на операција на тетивата. Клубот соопшто дека сезоната за Дибала е завршена.
„Пауло Дибала ќе биде опериран во следните неколку дена по повредата на тетивата на левата нога. Играчот и клубот се договорија дека тоа е вистинскиот пат за оптимално закрепнување од повредата. Најдобри желби за брзо закрепнување Пауло, те очекуваме“, се вели во соопштението на Рома.
Аргентинецот оваа сезона одигра 36 натпревари во сите натпреварувања и постигна осум гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Откриени трансфер-плановите на Јувентус

Јувентус планира да доведе три „јаки“ имиња во текот на летниот преоден рок, но не планира голема реконструкција.
Според италијанските медиуми, Јувентус има намера во текот на летниот преоден рок да доведе тројца клучни играчи за првиот тим, можеби и уште неколку други играчи, но тоа ќе зависи колку играчи ќе го напуштат клубот по завршувањето на сезоната.
„Старата дама“, потроши повеќе од 200 милиони евра под водство на Тиаго Мота минатото лето за да ги доведе Теун Купмајнерс, Даглас Луиз, Нико Гонзалес. Во клубот има и неколку играчи кои се на позајмица од други клубови во чии договори постои опцијата да бидат откупени.
Клупските челници се сигурни дека тимот кој моментално го води Игор Тудор има солидна основа која може да се надградува.
Се очекуваат нови имиња во средниот ред и нападот. Сандро Тонали од Њукасл останува голема желба на клубот, според „Тутоспорт“. Исто така Јувентус е заинтересиран и нигериските напаѓачи Виктор Осимхен (Наполи, позајмен во Галатасарај) и Адемола Лукман (Аталанта).
Напаѓачот на Наполи има отштетна клаузула за клубови надвор од Италија, а таа изнесува 75 милиони евра. Лукман веројатно би бил достапен за околу 60 милиони. „Трансфермарк“т ја проценува вредноста на Тонали на 45 милиони евра.
Спорт
Градоначалникот на Рим: Урбана војна на улиците пред дербито Лацио-Рома

Во судирите меѓу полицијата и хулиганите во пресрет на римското дерби меѓу Лацио и Рома, повредени се 24 полицајци, а причинета е материјална штета од 40.000 евра.
„Згрозен сум. Неприфатливо е хулиганите да трансформираат фудбалски натпревар во сцена на урбана војна“, изјави градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери.
Околу 2.000 полицајци беа распоредени на различни точки околу Олимпискиот стадион во Рим, а конфликтот започна кога навивачите на Лацио се обидоа да го пробијат полицискиот кордон.
Навивачите фрлаа пиротехника и тврди предмети кон полицајците. Полицијата одговори со солзавец и водени топови.
И Лацио и Рома изразија солидарност со повредените полицајци и го осудија насилството. Натпреварот заврши нерешено 1:1.
Ultras Lazio vs 1312
SS Lazio – AS Roma
13/04/25. 🇮🇹 pic.twitter.com/OADmYfxaN9— Calle ℌ Grada (@CalleYGrada) April 14, 2025
Спорт
Буденхолцер доби отказ

Мајк Буденхолцер (55) не успеа да го извлече максимумот од тимот на Феникс Санс, франшизата која сезонава потроши најмногу пари за плати во НБА лигата, не успеа да избори ниту пласман во плеј-ин.
Газдата на клубот му врачи отказ за Буденхолцер, кој минатото лето потпиша петгодишен договор.
За преостанатите четири сезони Санс ќе мора да му плаќаат на отпуштениот тренер 10 милиони долари годишно, под услов тој да не најде нова работа.
Буденхолцер му беше асистент на Грег Поповиќ 17 години, а потоа ги водеше Атланта Хокс и Милвоки Бакс по пет сезони. СО Милвоки пред три години ја освои титулата.