Спорт
Шахин е соочен со отказ, Тен Хаг ќе ги преземе „милионерите“
Борусија Дортмунд е во катастрофална форма. Како и секогаш, цехот најверојатно ќе плати тренерот, во овој случај тоа е Нури Шахин. Медиумите тврдат дека претстојниот натпревар против Болоња во Лигата на шампионите ќе ја одреди судбина на Шахин на клупата на Борусија.
Клупските челници, според германските медиуми, веќе работат на овој случај. Прв пик за нов тренер е Ерик Тен Хаг. Поранешниот менаџер на Манчестер унајтед минатата недела бил во Дортмунд, а многумина тврдат дека тој не дошол само да го гледа тренингот на „милионерите“, туку се сретнал и со клупските челници.
Покрај за тен Хаг, клубот е заинтересиран и за Себастијан Хенес, но Штутгарт нема да го пушти, а неговата откупна клаузула е осум милиони евра.
Тен Хег работеше како тренер во Б тимот на Баерн во периодот кога Пеп Гвардиола ги водеше Баварците, па не му е непознат германскиот фудбал.
Доколку Дортмунд доживее пораз од Болоња и го загрози пласманот во следната рунда од Лигата на шампионите, не е невозможно Тен Хаг до крајот на неделава да биде именуван во нов тренер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos

